Олга Мицеска (споменик)

Олга Мицеска била грандиозна статуа, сместена на Китино Кале, над Кичево со поглед кон целата долина. Споменикот бил посветен во чест на Олга Мицеска, партизанка од Кичево, која загинала во Битката на Буковиќ во 1943 година заедно со Мирко Милески, бранејќи ја слободната територија на Кичево. Веднаш по поставувањето на споменикот, на еден политички моќник не му се допаднал истиот и за брзо време е срушен. Официјално причината била разголеноста на скулптурата, која во тој период не одела заедно со комунистичкиот режим. Но видливи остатоци постојат и денес од кои е останата само основата. Во текот на 1968 година тука е направена спомен костурницата посветена на паднатите жртви во текот на Втората светска војна.[1]

Поглед на споменикот

Наводи

уреди
  1. „Култура во Кичево“. Општина Кичево. Архивирано од изворникот на 2013-09-22. Посетено на 2011-07-24.