Октет (информатика)
Октетот ― единица за дигитални информации во информатиката и телекомуникациите што се состои од осум бити. Терминот често се користи кога поимот бајт може да биде двосмислен, бидејќи бајтот историски се користи за складирање на различни големини.
Дефиниција
уредиМеѓународниот стандард IEC 60027-2, поглавје 3.8.2, наведува дека бајтот е октет од бити. Сепак, единицата бајт историски зависела од платформата и претставувала различни големини на складирање во историјата на информатиката. Поради влијанието на неколкуте големи сметачки архитектури и линии на производи, бајтот во голема мера се поврзува со осум бити. Ова значење на бајтот е кодифицирано во такви стандарди како ISO/IEC 80000-13. Додека бајтот и октетот често се користат синонимно, оние што работат со одредени наследни системи внимаваат да избегнат двосмисленост.
Октетите може да се претстават со помош на бројни системи со различни основи како што се шеснаесетречен, десетичен или осмеречен броен систем. Бинарната вредност на сите осум бити поставени (или активирани) е 111111112, еднаква на шеснаесетречната вредност FF16, десетичната вредност 25510, и осмеречната вредност 3778. Еден октет може да се користи за да претставува десеторечни вредности кои се движат од 0 до 255.
Поимот октет (симбол: o[nb 1]) често се користи кога употребата на бајт може да биде двосмислена. Често се користи во публикациите „Барање за коментари“ на Работната група по интернет инженерство да се опишат големини на складирање на параметрите на мрежниот протокол. Најраниот пример е од 1974 година. Во 2000 година, Боб Бемер тврдел дека претходно предложил употреба на терминот октет за „8-битни бајти“ кога бил на чело на софтверските операции за Cie. Bull во Франција во 1965 до 1966 година.[3]
Во Франција, Француска Канада и Романија, октетот се користи на заеднички јазик наместо бајт кога се бара осум-битна смисла; на пример, мегабајт (MB) се нарекува мегаоктет (Mo).
Редоследот на октети со променлива должина, како во апстрактната синтаксна нотација (ASN.1), се нарекува низа октет.
Октада
уредиИсториски гледано, во Западна Европа, поимот октада (или октад) бил користен за конкретно означување на осум бити,[2][1] употреба што веќе не е вообичаена. Раните примери за употреба постојат во британските,[2] холандските и германските извори од 1960-тите и 1970-тите години, и низ целата документација за главните сметачи на Philips.[1] Слични поими се тријада за групирање од три бити и декада за десет бити.
Единици-множители
уредиЕдиници-множители на октетот може да се создаваат со SI-претставки и бинарни претставки (моќност од 2 претставки) како што е стандардизирано од Меѓународната електротехничка комисија во 1998 година.
SI-претставки | |||
---|---|---|---|
1 килооктет (ko) | = 103 октети | = 1000 октети | |
1 мегаоктет (Mo) | = 106 октети | = 1000 ko | = 1000000 октети |
1 гигаоктет (Go) | = 109 октети | = 1000 Mo | = 1000000000 октети |
1 тераоктет (To) | = 1012 октети | = 1000 Go | = 1000000000000 октети |
1 петаоктет (Po) | = 1015 октети | = 1000 To | = 1000000000000000 октети |
1 ексаоктет (Eo) | = 1018 октети | = 1000 Po | = 1000000000000000000 октети |
1 зетаоктет (Zo) | = 1021 октети | = 1000 Eo | = 1000000000000000000000 октети |
1 јотаоктет (Yo) | = 1024 октети | = 1000 Zo | = 1000000000000000000000000 октети |
Бинарни претставки | |||
---|---|---|---|
1 кибиоктет (Kio, напишано и како Ko, да се разликува од ko) | = 210 октети | = 1024 октети | |
1 мебиоктет (Mio) | = 220 октети | = 1024 Kio | = 1048576 октети |
1 гибиоктет (Gio) | = 230 октети | = 1024 Mio | = 1073741824 октети |
1 тебиоктет (Tio) | = 240 октети | = 1024 Gio | = 1099511627776 октети |
1 пебиоктет (Pio) | = 250 октети | = 1024 Tio | = 1125899906842624 октети |
1 екбиоктет (Eio) | = 260 октети | = 1024 Pio | = 1152921504606846976 октети |
1 зебиоктет (Zio) | = 270 октети | = 1024 Eio | = 1180591620717411303424 октети |
1 јобиоктет (Yio) | = 280 октети | = 1024 Zio | = 1208925819614629174706176 октети |
Употреба во адреси на интернет протокол
уредиОктетот се користи во претстави на сметачки мрежни адреси на интернет протокол.[4] IPv4 адресата се состои од четири октети, обично засебно прикажани како низа десеторечни вредности кои се движат од 0 до 255, секоја одделена со краен стон (точка). Користејќи октети со сите осум бити, претставата на IPv4 адресата со најголем број е 255.255.255.255.
Адресата IPv6 се состои од шеснаесет октети, прикажани во шеснаесетречната претстава (два хексити по октет), користејќи знак на две точки (:) по секоја двојка октети (16 бити се познати и како хекстет) за читливост, како што е FE80: 0000: 0000 : 0000: 0123: 4567: 89AB: CDEF.
Поврзано
уредиЗабелешки
уреди- ↑ Сепак, кратенката на IEC 80000-13, „o“ за октетиможе да се помеша со наставката „o“ да укажува октални броеви во Интелската конвенција.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Philips - Philips Data Systems' product range - April 1971“ (PDF). Philips. 1971. Архивирано од изворникот (PDF) на 4 март 2016. Посетено на 17 август 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Williams, R. H. (1 јануари 1969). „British Commercial Computer Digest: Pergamon Computer Data Series“. Pergamon Press. ISBN 1483122107. 978-1483122106. Посетено на 17 август 2021.
- ↑ Bemer, Robert William (8 август 2000). „Why is a byte 8 bits? Or is it?“. Computer History Vignettes. Архивирано од изворникот на 3 април 2017. Посетено на 17 август 2021.
[…] I came to work for IBM, and saw all the confusion caused by the 64-character limitation. Especially when we started to think about word processing, which would require both upper and lower case. […] I even made a proposal (in view of STRETCH, the very first computer I know of with an 8-bit byte) that would extend the number of punch card character codes to 256 […]. So some folks started thinking about 7-bit characters, but this was ridiculous. With IBM's STRETCH computer as background, handling 64-character words divisible into groups of 8 (I designed the character set for it, under the guidance of Dr. Werner Buchholz, the man who DID coin the term "byte" for an 8-bit grouping). […] It seemed reasonable to make a universal 8-bit character set, handling up to 256. In those days my mantra was "powers of 2 are magic". And so the group I headed developed and justified such a proposal […] The IBM 360 used 8-bit characters, although not ASCII directly. Thus Buchholz's "byte" caught on everywhere. I myself did not like the name for many reasons. The design had 8 bits moving around in parallel. But then came a new IBM part, with 9 bits for self-checking, both inside the CPU and in the tape drives. I exposed this 9-bit byte to the press in 1973. But long before that, when I headed software operations for Cie. Bull in France in 1965-66, I insisted that "byte" be deprecated in favor of "octet". […]
- ↑ Kozierok, Charles M. (20 септември 2005) [2001]. „The TCP/IP Guide - Binary Information and Representation: Bits, Bytes, Nibbles, Octets and Characters - Byte versus Octet“. 3.0. Архивирано од изворникот 3 април 2017. Посетено на 17 август 2021.