Океанско дно

(Пренасочено од Океанското дно)

Океанското дно е најраспространетиот предел на Земјата. Под океаните се наоѓаат планини високи како Хималаите, незабени планински венци подолги од кои било на копното, пространи рамнини, длабоки клисури и ровови кои допираат со илјадници километри во кората на Земјата. Поголемиот дел од овие фантастични предели сѐ уште е неистражен.

Мапа на подводна топографија

Главни гребени и ровови

уреди

Повеќето облици на релјефи на океанското дно се создаваат на рабовите на плочите кои ја сочинуваат кората на Земјата. Средноокеанските гребени се создаваат на местото на раздвојување на две плочи, а рововите во зоните на подвлекување, каде една плоча тоне под друга.

Вулкани што чадат

уреди

Вулканите што чадат се високи отвори, слични на оџакот на дното од океанот. Од нив избиваат меури на прегреана, црна вода. Се јавуваат на места со вулканска активност, во средноокеанските гребени.

  • Вулканите што чадат ги открила американската подморница „Алвин“, 1977 година.

Животот околу вулканите што чадат

уреди

Околу вулканите што чадат виреат необични животински видови кои не користат сончева енергија, како останатите животински облици на Земјата, туку енергијата од вулканската топлина.

Релјефот на океанското дно

уреди

Океанското дно е местото каде кората на Земјата се разорува и создава. Вулканската активност на средноокеанските гребени и зона ни подвлекување создава бројни облици на релјеф на дното на океанот.

Подовни клисури

уреди

Реките кои се влеваат од копното во морето создаваат длабоки клисури на океанското дно.

Абисална рамнина

уреди

Околу 3.500-5.500 м под површината на морето се наоѓа пространа рамнина прекриена со слој на седимнти, а се нарекува абисална рамнина.

Поводна планина

уреди

Подводната планина е вулкан под површината на морето, која се издига 1000 или повеќе метри од околната рамнина.

Континентално плитко место

уреди

Континенталното плитко место е благо накосен раб што го опкружува континентот.

Континентална падина

уреди

Континенталната падина се спушта стрмно од континенталното плитко место кон абисалните рамнини.

Континентално песочен нанос

уреди

Под континенталната падина може да се собира седимент кој создава поблага падина, таканаречен континентален песочен нанос.

Средноокеански гребен

уреди

Долг венец на подводни планини се простира долж срдноокеанскиот гребен на местото на помрднување на две тектонски плочи.

Подводна висорамнина

уреди

Подводната висорамнина е зарамнет подводен планински врв, кој некогаш се издигнал над површината на океанот како вулкански остров.

Длабок ров кај зоната на подвлекување, каде една плоча се спушта под друга. Океанското дно се разорува во зоните на подвлекување.

Островски лак

уреди

Подискривена низа вулкански острови, или островски лак, вообичаено се создава во зоните на подвлекување.

Седименти на океанското дно

уреди

Во близина на брегот, седименти се главно кал, песко и чакал што го носат реките од копното. Дното на длабоките океани прекриено е со глиб (остатоци од мртви животни и растенија). Количеството на седименти им помага на научниците да ја одредат староста на океанското дно.

  • Нови карпи

Новосоздадените вулкански карпи на океанското дно на средноокеанските гребени скоро и немаат седимнтација.

  • 5 милиони години подоцна

Карпите се поместиле 500 км од гребенот. Започнува таложување на седиментите во вдлабнатините.

  • 10 милиони години подоцна

Карпите се поместиле 1000 км од гребенот. Сега се покриени со дебел слој на седиментите.

Картирање на океанското дно

уреди

Некогаш океанското дно се исталожувало од бродовите со помош на оловен висулец и коноп за одредување на длабочината. Денес истражувачите се служат со ехосонарни техники и посебни подморници кои се спуштаат на самото океанско дно.

Занимливости

уреди
  • Честичка органска тиња тоне 0,3-3 м на ден. Со таква брзина, на остатокот од ракче ќе му бидат потребни 25 години да стигне од површината на океанот до дното на океанскиот роб.
  • Цевчестиот црв алвинела (Alvinella Pompejana) може да живее во ѕидот на вулканот што чади, на температура од 105℃ - а тоа е повеќе од она што може да го поднесе кое било копнено животно.
  • Во маријанскиот ров би можеле да се сместат 28 облакодери, со големина како на Емпајер Стејт Билдинг, и тоа еден на друг.
  • Најстарите делови на океанското дно стари се околу 200 милиони години. Најстарите карпи на копното имаат околу 3,5 милијарди години.
  • Со брзината на растот од 2 м секои милион години, на манганскиот нодул потребни му се 10 милиони години за да порасне како зрно грозје.

Поврзано

уреди