Од никаде (филм од 2017)

Од никаде (германски: Aus dem Nichts) - германски филм од 2017 година во режија на Фатих Акин, кој е автор и на сценариото, заедно со Харк Бом. Главните улоги ги играат: Диане Кругер, Денис Москито, Јоханес Криш и Адам Бусдукос. Филмот ја освоил наградата „Златен глобус“ за најдобар странски филм, а Диане Кругер ја добила наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.[1]

Фатих Акин

Синопсис уреди

Во филмот се обработува темата за последиците од тероризмот. Животот на Катја наеднаш се распаѓа кога сопругот Нури и синчето Роко ќе погинат во теористички напад. Нејзиното семејство и пријателите се обидуваат да ѝ помогнат и Катја некако успева да ја преболи загубата на своите најблиски. Меѓутоа, таа е опседната со мислата да се пронајдат сторителите на нападот, како и со причините за него, а тоа создава рани кај неа и раѓа сомневања. Адвокатот Данило, најдобриот пријател на Нури, ја застапува Катја на судењето на двајцата осомничени - млад пар неонацисти. Судењето ја полудува Катја и, откако не може да ја добие правдата по судски пат, таа се подготвува за одмазда.[2]

Наводи уреди

  1. Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.
  2. Кинотека на Република Северна Македонија, Програма мај 2019.