Врела крв

(Пренасочено од Оган во крвта)

Врела крв (шпански: Fuego en la sangre) е романтична мексиканска теленовела. Серијата со снимање започна кон крајот на 2007 год, па за со прикажување во Мексико да започне на 21 јануари 2008, каде што имаше одличен старт со 29.7% од популацијата. Серијата е римејк на колумбиската теленовела Тивки води, според која исто е направена мегахитот Скриени страсти. Серијата кај нас се емитува на Сител Телевизија.

Врела крв
Податотека:LogoFuegoEnlsangre5.jpg
Лого од серијата
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХулио Хименес
УлогиАдела Нориега
Едуардо Јанез
Нора Салинас
Пабло Монтеро
Воведна тема“Para Siempre” Висенте Фернандес
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди200
Производство
Извршен продуцент(и)Салвадор Мехија Алехандре
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелевиса
Првично прикажување21 јануари 2008 – 2 ноември 2008
Хронологија
СледбеникУтре е засекогаш(2008/9)
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/fuegoenlasangre/

Синопсис

уреди

Ова е приказна за тројца браќа. Хуан, Оскар и Франко Рејес, кои на гробот на својата сестра Либија, се заколнуваат на одмазда за нејзината смрт. Либија умрела под мистериозни околности, откако ја завел стариот Бернардо Елизондо. За да го исполнат своето ветување, заминуваат на имотот на Елизондови и да ја спроведат својата одмазда: но после караницата со дон Агустин Ацеведа, мораат да изградат куќа во внатрешноста на имотот. Како би истражиле кој ја предизвика смртта на Либија, почнуваат да градат куќа (наместо вистински работници) и наскоро ги запознаваат трите ќерки на Бернардо Елизондо: Софија, Сарита и Химена, како и конзервативната Габриела Ацеведо, жената на Бернардо. Доаѓаат и промени во нивната одмазда: наместо да се пресметат физички со Елизондови, браќата ги заведуваат трите сестри и ги оставаат да живеат во сопствена мизерија заради болката на Либија. Хуан ќе ја заведи Софија, Оскар Химена, а Франко Сарита. Но, судбината ќе си поигра со нив и браќата ќе ја откријат другата страната на ќерките Елизондо. Хуан во Софија ќе ја пронајде чувствителна жена, која не може да ужива во животот заради траумата која ја доживеала пред неколку години. Софија биле силувана и присилена на брак со Фернандо Ескандон, за да ја поштедат фамилијата од срамота. Хуан и Софија ќе се заљубат еден во друг, но Фернандо нема мирно да помине преку нивната љубов. Оскар во Химена ќе ја пронајде својата втора половина, елоквентната девојка, која има желба за живот. Франко и Сарита ќе наиде на препреки, со обзир на тоа што Франко чувстува страст спрема барската пејачка Росарио Монтес, со која е во чудна врска веќе неколку години. Франко ќе мора да одлучи помеѓу двете девојки. Тоа што не го знае е дека Росарио работи за Фернандо поради мистериозни случувања во минатото. Ева, слугинката во фам. Елизондо, бившата љубовница на Бернандо, чува тајна. Агустин, таткото на Габриела, ги поминува деновите во инвалидската количка и смислува завери против својата ќерка ( кои скоро секогаш завршуваат во смешна ситуација), додека свеченикот Тадео крие страшни тајни кои би можеле да го разоткријат цело минато.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Адела Нориега Софија
Едуардо Јанез Хуан
Хорхе Салинас Оскар
Нора Салинас Сарита
Пабло Монтеро Франко
Елизабет Алварез Химена
Дијана Брачо Габриела
Гуљелмо Гарсија Канту Фернандо
Нинел Конде Росарио

Оган во крвта на Балканот

уреди

Надворешни врски

уреди