„Ова малку душа“ (српскохрватски: Ово мало душе) — југословенски филм од 1987 година, во режија на Адемир Кеновиќ. Улогите ги играат: Давор Јањиќ, Бранко Ѓуриќ Ѓуро, Заим Музаферија, Саша Петровиќ итн.[1]

Синопсис

уреди

Во филмот се прикажува созревањето на децата во едно зафрлено село во Босна во периодот по Втората светска војна. Во селото живее еден вдовец со многу деца. На неговото семејство му се случуваат смешни и тажни настани, а односите во семејството ги менува маќеата, зашто децата не можат да се помират со новата состојба...

Наводи

уреди