Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8

Објект на Собранието на општина Битола — архитектонско обележје во градот Битола, заведена како Културно наследство на Македонија под називот Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8 под реден број 9 во Битола.[1][2]

Објект на Собранието на општина Битола на улица „Славко Лумбарко“ бр. 8
Поглед на зградата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видцрковен имот
ГрадБитола
Земја Македонија
Завршена1903
Технички податоци
Катови2

Местоположба уреди

Се наоѓа на улица Славко Лумбарко бр.8, на раскрсницата со „Кирил и Методиј“.[2] До него се наоѓа Објектот на Собранието на општина Битола на улица „Кирил и Методиј“ бр. 6 .

Историја уреди

Изграден во 1903 година како сопственост на „Свети Димитрија“, катедралната црква на грчката Пелагониска епархија. Објектот веднаш му бил даден под закуп на Грчкиот конзулат во градот.[2]

Архитектура уреди

Објектот е под влијание на архитектонските стилови кои доминирале во Западна Европа кон крајот на 19 век и има елементи на барокна и неокласична декорација. Главната фасада со големи скалила и два балкона дава монументален поглед на локацијата. Фасадата е богато украсена со столбови во дорски ред на скалите и балконскиот дел, балустрадата на балконите, огради со керамичка декорација, лента со брановидна линија, пластично обликувана под венецот.[2]

Наводи уреди

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитено културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 31 март 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Грчки Конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 27 септември 2020 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)