Обрезание Господово
Обрезание Господово — христијански празник кој се слави на 8 ден по Христовото раѓање.[1][2] Овој ден според црковниот календар се слави на 1 јануари, односно на 14 јануари според грегоријанскиор календар. Обрезанието Господово се слави во ист ден со Стара Нова Година и Василица.
Обрезание Господово | |
---|---|
Руска икона на обрезанието од 19 век | |
Наречен и | Обрезание |
Го празнува(ат) | Христијанските и нехристијански земји |
Вид | христијански |
Значење | Ден кога малиот Христос е обрезан во храмот |
Датум | 1/14 јануари |
Историја
уредиСпоред еврејските закони секое машко дете на осмиот ден од раѓањето се носело во храмот каде што било обрежувано, а притоа му било давано и име. Овој чин се сметал за воспоставување врска со Бога поради што необрежаните се сметале за неосветени и нечисти, а со тоа и отпадници од еврејскиот народ. Исус како божји син можел и да не биде обрежан, но тој не дошол на земјата за да ги негира законите туку за да ги потврдува и да служи за пример. Поради тоа светото семејство на осмиот ден од раѓањето го донело во храмот новородениот син каде што по извршувањето на овој обред му ставиле име, онака како што им рекол ангелот при јавувањето на Света Дева Марија, Исус, еврејски збор што значи Спасител. Во спомен на овој настан светата црква го востановила празникот Обрезание Господово на осмиот ден по Божик - денот на Христовото раѓање.
Ти што седиш во висините на огнозрачен престол со Беспочетниот Отец и Божествениот твој Дух,
си благоволил да се родиш на земјата од девојка, недопрена од маж, Твоја Мајка, Исусе.
Поради тоа, си бил и обрезан како човек осмодневен.
Слава на Твојата себлага одлука; слава на Твојата грижа;
слава на Твојата милост, единствен Човекољупче.
Наводи
уреди„Обрезание Господово“ на Ризницата ? |
- ↑ Македонска Библија (King James Version): "И кога осум дена биле навршени за обрежување на детето, неговото име се нарече ИСУС, кое беше именувано од ангелот пред да биде зачнат во матката."
- ↑ Catholic Encyclopedia: Feast of the Circumcision