Образување и функција на именките во македонскиот јазик
Именките се зборови кои се користат да се означат поими, суштества, предмети, појави и поими. Образувањето на именките се врши на неколку начини и истите имаат неколку различни функции.
За образувањето на именките во македонскиот јазик постојат неколку начини, меѓу кои: бессуфиксен, суфиксен, префиксен, префиксно-суфиксен и именки од сложен вид. Именките најчесто се образуваат со суфикси. Зборообразувачките средства може да се додадат на именки, глаголи, придавки, броеви и други зборовни групи.[1] Бессуфиксниот начин на образување не се служи со никакви наставки за формирање именки и такви се на пример именките „жал“ или „вик“, кои се добиени од глаголите „жали“ и „вика“. Суфиксниот начин на образување на именки се користи со наставки или наставки кои се ставаат на крај од зборот и такви именки се „свадба“ или „столар“. При префиксниот начин на образување на именки наставката се става на почетокот на зборот (пр. прабаба или предговор), а префиксно-суфиксниот начин е комбинација на наставки кои се ставаат и пред и после зборот (пр. бессоница, потколеница итн.)
Именки образувани од глаголи
уредиОвој вид на именки се добиени од глаголи, односно основата е глаголска. На глаголската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од глагол се [2]:
- −ба — пр. борба, жалба итн.
- −ач — пр. берач, борач итн.
- −ка — пр. белешка, дремка итн.
- −еж — пр. грабеж, цртеж итн.
- −иште/ −лиште — пр. игралиште, ловиште итн.
- −ник — пр. скитник, ученик итн.
Именки образувани од придавки
уредиОвој вид на именки се добиени од придавки, односно основата е придавна. На придавната основа се додаваат следните наставки [3]:
- −ина — пр. должина, ширина итн.
- −ост — пр. лудост, старост итн.
- −ство — пр. богатство, пијанство итн.
- −ец — пр. белец, црнец итн.
- −ка — пр. белка, црнка итн.
- −ило — пр. зеленило, црвенило итн.
Именки образувани од именки
уредиОвој вид на именки се добиени од други именки, односно основата е именска. На именската основа се додаваат наставки и такви ги има повеќе. Меѓу почесто застапените наставки кои се користат да се добие именка од именка се [4]:
- −ство — пр. пријателство, ропство итн.
- −ник — пр. дописник, наставник итн.
- −иште— пр. ѓубриште, огниште итн.
- −ар — пр. банкар, рибар итн.
- −џија/ -чија — пр. бурекчија, бозаџија итн.
- −ец — пр. металец, северец итн.
- −ица — пр. гулабица, божица итн.
- −ка — пр. докторка, членка итн.
Именки образувани од броеви
уредиОвој вид на именки се добиени од броеви и се користат следните наставки [5]:
- −ка/ −ина/ −инка/ −ица — пр. десетка, десетина, десетинка, десетица.
Фунции на именките во реченицата
уредиИменките ги имаат следните функции во реченицата[6]:
- пр Багремите имаат трнци.
- пр. Тој купи пенкало.
- пр. Тој му се најавил на Стефан.
- предмет со прилог
- пр. Таа се плаши од пајаци.
- прилошка определба
- пр. Топчето се стркала под столот.
- именски дел од прирокот
- пр. Ѓорѓи е лекар.
- вокативна фунција
- пр. Сакам да се видиме, Стефане!
- пр. Тој купи четири литри сок.
- пр. Највисоката планина во Македонија, Кораб, е во западниот дел од државата.
Користена литература
уреди- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.