Европска бубаќарка
вид растение
(Пренасочено од Обична бубаќарка)
Европска бубаќарка или обична бубаќарка (науч. Heliotropium europaeum) — вид растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae).[1] Домородна е во Европа, Азија и Северна Африка, но денес одомаќинета и на други места како Австралија и Северна Америка. На некои места расте како крајпатна билка[2]. Ова едногодишна билка има вретенест корен и достигнува висина од највеќе 40 см. Стебленцето има овален пресек, а листовите се обраснати со меки влакненца. Соцветијата се завиени шилки од бели цветови со власести или четкести чашкини ливчиња. Секој свет има пречник од само неколку милиметри. Плодот е ситна џумкава јатка.
Европска бубаќарка | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Лисичинковидни |
Семејство: | Лисичинки |
Род: | Бубаќарка |
Вид: | Европска бубаќарка |
Научен назив | |
Heliotropium europaeum L. |
Отровност
уредиРастението е отровно и содржи пиролизидински алкалоиди.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Heliotropium europaeum“. Служба за заштита на природните ресурси при USDA — база PLANTS. Посетено на 19 јануари 2016.
- ↑ „Прилог 9. Список на растенија во коридорот на автопатот Блаце – Скопје. Студија за ОВЖССА“ (PDF). Јавно претпријатие за државни патишта.
- ↑ The MERCK Veterinary Manual, Table 5 Архивирано на 17 ноември 2010.