Обичен тажник
Обичен тажник | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Розовидни |
Семејство: | Рози |
Род: | Тажник |
Вид: | Обичен тажник |
Научен назив | |
Filipendula vulgaris Moench |
Обичен тажник или само тажник (науч. Filipendula vulgaris) — повеќегодишна билка од семејството на розите (Rosaceae). Вирее на суви пасишта ширум најголемиот дел од Европа, како и Средна и Северна Азија. Присутно е и во Македонија.[1]
Раст
уредиИма ситни зраковидни ливчиња налик на папрат и исправено стебленце со висина од 20-50 см.[2] и проретчено соцветие на крајот. Овие минијатурни цветчиња се распоредени во густи китки и излегуваат доцна напролет и траат до средината на летото. Кога ќе се смачкаат, листовите и корењата оддаваат мирис многу сличен на масло од зимзелен (Gaultheria procumbens).
Растението претпочита целосна изложеност на сонце. Трпи сушни услови подобро од другите членови на родот.
Одгледување
уредиРастението никнува од семе, а потоа може да се размножи од ползечките корења.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Обичен тажник (Filipendula vulgaris Moench)“. Информативна мрежа за гермоплазмени ресурси. Служба за земојоделско истражување, Министерство за земјоделство на САД. (англиски)
- ↑ C A Stace, Interactive Flora of the British Isles, a Digital Encyclopaedia: Filipendula vulgaris Архивирано на 8 јуни 2011 г. ISBN 90-75000-69-3
Надворешни врски
уреди„Обичен тажник“ на Ризницата ? |