Обединета екипа на Олимписките игри
Обединета екипа е името користено од спортската екипа на поранешниот Советски Сојуз (со исклучок на Балтичките држави) на Зимските олимписки игри во Албертвил и на Летните олимписки игри 1992 во Барселона. Државниот код на МОК бил EUN, според француското име, Équipe Unifiée. Обединетата екипа понекогаш неформално се нарекувала екипа на ЗНД (Заедница на независни држави), иако Грузија не се придружила сè до 1993 година.
Обединета екипа на Олимписките игри | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||||
Олимписка историја | ||||||||
Летни олимпијади | ||||||||
1992 | ||||||||
Зимски олимпијади | ||||||||
1992 | ||||||||
Други поврзани настапи | ||||||||
Руска Империја (1900–1912) СССР (1952–1988) |
За време на Зимските олимписки игри, националните олимписки комиитети на земјите членки сè уште не биле членови на МОК, па од оваа причина било користено олимпиското злато наместо националното знаме на церемонијата на отворањето и на церемониите по повод доделувањето на медалите, и олимписката химна била свирена за време на доделувањето на златните медали. За време на Летните олимписки игри, биле создадени националните олимписки комитети, сепак тие испратиле здружена екипа со станардна униформна бидејќи квалификационите рунди биле завршени пред конечниот распад на Советскиот Сојуз. Каде што спортистите од Обединетата екипа кога ќе освоеле медал, националното знаме на тој олимпиец ќе се подигнело на јарболот, на местото на олимпиското знаме и на освојувачите на злато им била свирена државната химна наместо олимписката химна. Екипите пак биле претставувани со олимпиското знаме и олимписката химна.
На Зимските олимписки игри 1994 и на Летните олимписки игри 1996, земјите кои биле дел од Обединетата екипа започнале да се натпреваруваат посебно.
Додека на Зимските олимписки игри земале учество само 6 земји на летните игри земале учество сите земји членки. За подетални информации погледајте повеќе на:
Земја (поранешна Советска република) |
МОК код (1994–) |
---|---|
Ерменија* | ARM |
Азербејџан | AZE |
Белорусија* | BLR |
Грузија | GEO |
Казахстан | KAZ |
Киргистан | KGZ |
Молдавија | MDA |
Русија* | RUS |
Таџикистан | TJK |
Туркменистан | TKM |
Украина* | UKR |
Узбекистан* | UZB |
* Земји учеснички на Зимските олимписки игри.
Настап:
Носачи на знаме
уреди- Зимски олимписки игри 1992 - Валериј Медведцев (Биатлон)
- Летни олимписки игри 1992 - Александар Карелин (Борење)