Полумесечев Залив
Полумесечевиот Залив (англ. Half Moon Bay) е залив на источното крајбрежје на Стјуартовиот Остров (Ракиура) во најјужниот дел на Нов Зеланд.
Во заливот е сместено гратчето Обан, главното населено место на Стјуартовиот Остров. Од заливот сообраќа траект до Блаф, на Јужниот Остров на Нов Зеланд. Главна стопанска активност е риболовот, што се одвива со неколку рибарски брода.
46°54′S 168°08′E / 46.900° ЈГШ; 168.133° ИГД
Оваа статија за место во Нов Зеланд е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |