ОУ „Кочо Рацин“ - Кратово
основно училиште во Македонија
(Пренасочено од ОУ "Кочо Рацин" - Кратово)
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Кочо Рацин; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Кратово.[1]
Кочо Рацин | |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Кратово |
Наречено по: | Кочо Рацин |
Нас. место: | Кратово |
Адреса: | ул. „Михајло Апостолски“, бр. 11, Кратово |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1945 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Историја
уредиУчилиштето започнало со работа во 1945 година во една стара училишна зграда во средиштето на Кратово. Поради зголемен број на паралелки и ученици била изградена нова училишна зграда во Царина Маало.[1]
Настава
уредиВо училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]
Подрачни училишта
уредиВо составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Кочо Рацин“ - Крилатица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Секулица, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Шопско Рударе, поранешно подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Страцин, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Туралево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Вакуф, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Коњух, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.