ООУ „Св. Климент Охридски“ - Драчево
„Св. Климент Охридски — основно училиште во Драчево, Општина Кисела Вода[1].
Климент Охридски | |
---|---|
Место | |
Општина: | Кисела Вода |
Нас. место: | Драчево |
Адреса: | улица „Јустинијан Први“ бр. 98 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Директор: | Елена Симоновска |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Постојат податоци кои говорат дека училиштето е изградено од 1922 до 1923 година, додека за првпат во него почнало да се учи 1924 година, но не на македонски туку на јазикот кој им бил наметнат во тоа време, а тоа бил српскиот. За тој период (до 1941година) не постојат официјални документи, но постојат живи сведоци кои ни раскажуваат дека во ова училиште учеле ученици од с.Драчево и с.Студеничани.
Постојат податоци дека училиштето непрекинато работело и во текот на НОБ, но повторно не на македонски јазик туку на јазикот на тогашните поробувачи-бугарскиот јазик. Вториот период од работата на нашето училиштето е периодот од ослободувањето на нашата земја, кога во училиштето за прва пат започнала да се изведува настава на македонски јазик. Тоа се случило 25.11.1944 година. Кога училишното ѕвоно повторно се огласило, повикувајќи ги овој пат учениците да дојдат во училиштето во кое засекогаш понатаму, со нивниот мајчим македонски збор, ќе ја осознаат вистината за животот.
Веднаш по војната, учебната 1944/45 година, се формирале 4 одделенија од кои во I одд.-2паралелки со 86 ученици, во II одд.-2паралелки со 90 ученици, во III одд..-2паралелки со 91 ученик и во IV одд.-1 паралелка со 58 ученици.Денес, нашето училиште го сочинуваат реновирана стара зграда, две доградби со 4 нови училници, училишна кујна и терпезарија и просторија за дневен престој. Во училишниот двор се наѓа фискултурната сала во која учениците спортуваат и правилно се развиваат и воспитуваат. Од септември во учебната 2010/2011 има над 700 ученици и 30 паралелки.
Во учебната 2014/15 година во ова училиште учат 498 ученици од I до IX одделение, распоредени во 22 паралелки.
Учество на натпревари
уредиОOУ Св. Климент Охридски од Драчево по шести пат учествува на распишаниот меѓународен конкурс за хаику поезија и фотографија на македонски и словенечки јазик на меѓународниот натпревар на основни училишта за хаику поезија во Словенија, општина Толмин, (ментор Валентина Трајкоска, Наташа Старделова). Ова училиште е единстевен претставник на државно ниво под уставното име Република Македонија, а хаику стиховите напишани на македонски литертературен јазик ги красат алманасите во Словенија.
Освоени награди
уредиВо 2002 година училиштето е добитник на наградата „13 Ноември“.
Во учебната 2013/2014 година училиштето беше прогласено за најбезбедно и најчисто училиште на ниво на Република Македонија.
Познати личности кои учеле во ова училиште
уредиПознати личности кои предавале во ова училиште
уреди- Мирко Србиновски, долгодишен директор. На местото на директор дошол во 1952 г., сè до 1987 г. Долг период од 35 години беспрекорна работа, борба за создавање на едно ново, современо и квалитетно училиште. Од првиот ден се залагал за обезбедување на што подобри услови за работа. За потребите на поголемиот број ученици ја доградува старата училишна зграда со нови современи училници, простории за дневен престој, модерна кујна и трпезарија. Се гради кино сала, сала за физичко воспитување, библиотека, зграда за забавиште, училиштен музеј. Тука се и Училишната задруга, зоолошката градина, ботаничката градина, овоштарникот и убаво уредениот двор. Во текот на целиот свој работен век се борел и залагал да го издигне начинот на работа над стереотипните форми на воспитно- образовнот процес. Колегите го опишуваат како: вреден, чесен, одговорен, исповнителен, визионер, другар, добар колега и учител.
Наводи
уреди- ↑ „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 15.01.2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)