Нинешам

(Пренасочено од Нунашам)

Нинешам е населено место и седиште на општина Нинешам, округот Стокхолм, Шведска со 13.510 жители во 2010 година.

Нинешам
Нинешам
Нинешам
ДржаваШведска
ПровинцијаСедерманланд
ОкругОкруг на Стокхолм
ОпштинаОпштина на Нинешам
Површина[1]
 • Вкупна6,68 км2 (258 ми2)
Население (31 Декември 2010)[1]
 • Вкупно13,510
 • Густина2.024/км2 (5,240/ми2)

Додека интересот за областа како потенцијално корисно пристаниште растело од средината на 19 век, само по отворањето на железничката станица до Стокхолм во 1901 година, започнал Нинешам да се развива.

Поштенска марка издадена на патници со траект до Гдањск пред Полска да се приклучила на Шенген зоната

Во текот на раниот 20 век, Нинешам станал добро познат и како бањски град, иако повеќето такви објекти биле затворени пред крајот на Првата светска војна. Главните индустрии биле фабриките на телефонската компанија во државна сопственост во 1916 година и рафинерија за нафта изградена во 1928-1929 од „Аксел Аксон Јонсон и Ко“.

Секое лето се организира забава на пристаништето, како и локални саеми за занаетчиство. За време на овие настани, парниот воз често поминува до и од Стокхолм. Во текот на летните месеци, пристаништето е преполно со бродови од сите големини и е исполнето со посетители и со месното население. Постојат голем број на ресторани и бутици со домашно произведени производи. Главниот град е модерен, а зградите немаат уникантни одлики. Во средината на градот има една библиотека и едно кино, а ограничен број продавници кои главно се за локална трговија.

Многу луѓе во Нинешам живеат во станбени блокови, но нема згради висина поголема од 10 ката. Исто така, има многу вили и куќи со тераси распространети низ градот. Животот во Нинешам е опуштен во споредба со вревата на Стокхолм. Околната природа и морето обезбедуваат многу можности за фотографирање откако се излага од центарот на градот. Степенот на криминал е низок.

Нинешам е опслужена со приградска железница Стокхолм (Пенделтог) и неколку автобуски линии.

Популарната пејачка Маја, и хокејистот Кент Нилсон биле родени во Нинешам.

Железничка станица и пристаништето.
Панорамски поглед од пристаништето на Нинешам, Март 2011.
Панорамски поглед од пристаништето на Нинешам, Март 2011.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Tätorternas landareal, folkmängd och invånare per km2 2005 och 2010“ (шведски). Statistics Sweden. 14 December 2011. Архивирано од изворникот 27 January 2012. Посетено на 10 January 2012.