Ноктарче или грицкалка – направа за сечење нокти. Со притискање на краевите на ноктарчето доаѓа до спојување на сечивата кои отсекуваат дел од површината на ноктот.

Принцип на работа на ноктарчето
Принцип на работа на ноктарчето

Дизајн

уреди
 
Лево е ноктарче во облик на клешти, десно е ноктарче кое работи на принцип на лост

Најчесто ноктарчињата се изработуваат од не’рѓосувачки челик. Во нивен склоп може да се најде и мал нож или турпија за нокти. Најчесто се прави модел кој работи на принцип на лост, но постојат и модели во облик на клешти.

Историја

уреди

Направите за сечење нокти, датираат од периодот меѓу деветтиот и шестиот век пред новата ера. Првото ноктарче, во денешниот облик, е патентирано во 1875 година во Соединетите Американски Држави. Сопственик на патентот бил извесен Валентин Фогерти.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. US 161112, Fogerty, Valentine, "Improvement in finger-nail trimmers", issued 24. 2. 1875. 

Надворешни врски

уреди