Ново Брдо (тврдина)

Тврдината Ново Брдо е тврдина која се наоѓа во близина на градот Приштина, Косово. Тврдината била изградена во 14 век, во близина на истоимениот рудник, кој важел за еден од најголемите во тој регион. Ѓурак Бранковиќ годишно од оваа место земал по 100.000 златни дукати. Тврдината се состои од Гоерен град и Долен град. Горниот град е во форма на неправилен шестаголник и се наоѓа на самото брдо, а Долниот град се наоѓа по падините на брдото кон запад. Османлиите, тврдината ја држиле дури две години под опсада (1439-1441).[1]

Тврдина Ново Брдо
Карта
Општи податоци
ГрадПриштина
ЗемјаКосово

Тврдината има три капии.

Тврдината има осум кули.

  • Првата има правоаголна форма и се наоѓа во Горниот град;
  • Втората има квадратна форма и се наоѓа во северниот дел на Гоенит град, од каде започнува и дедемот на Долниот град;
  • Третата има квадратна форма, и се наоѓа во северозападниот дел на Горниот град;
  • Четвртата има правоаголна форма и се наоѓа во западниот дел на Горниот град;
  • Петтата има квадратна форма, и се наоѓа во југозападниот дел на Горниот град;
  • Шестата има квадратна форма и се наоѓа во јужниот дел на Горниот град;
  • Седмата се наоѓа во Долниот град
  • Осмата се наѓа во Долниот град;

Наводи

уреди
  1. Дероко, Александар (1950). Средњевековни градови у Србији, Црној Гори и Македонији. Београд: Просвета.CS1-одржување: ref=harv (link)