Новоселански манастир
Новоселански манастир — нов манастир во кочанското село Ново Селани.
Поглед на манастирскиот двор и помошниот објект | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Св. Петка“ - Ново Селани |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Света Петка |
Епархија | Брегалничка |
Цркви | „Св. Петка“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Ново Селани, Општина Чешиново-Облешево, Македонија |
Координати | 41°53′6.8″N 22°13′51.5″E / 41.885222° СГШ; 22.230972° ИГД |
Видливи остатоци | 2 цркви, 2 параклиси, трпезарија, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Соколарска парохија) |
Местоположба
уредиМанастирот се наоѓа во источниот дел на селото Ново Селани, пред самиот влез во селото.
Историја
уредиСите градби во и околу манастирот биле подигнати по откривањето на еден црковен објект во 1981 година, кој претставувал еднокорабна базилика со нартекс. Должината на црквата била 16,70 метри, а ширината 10,60 метри. Sидовите биле градени од кршен камен и малтер со ширина од 0,65 метри. Покрај црквата се наоѓа природен извор со култно место посветено на Света Петка.[1]
Покрај главната црква „Св. Петка“, биле обновени или изградени уште објекти врз стари ранохристијански темели во времето на покрстувањето на Словените на Брегалница.[1]
Градби во манастирот
уредиМанастирот е составен од црквите „Св. Петка“ и „Св. Марина“, два параклиса, трпезарија и помошни објекти.
Црква „Св. Петка“
уредиЦрквата е подигната во 1981 година на стари темели.
Црква „Св. Марина“
уредиЦрквата е нова градба за која нема податоци за изградбата.
Параклиси
уредиВо дворот на манастирот се наоѓаат и параклисите „Св. Јаким“ и „Св. Недела“.
Галерија
уреди-
Трпезаријата
-
Параклис
-
Главната црква „Св. Петка“
-
Малата црква „Св. Марина“
-
Параклисот „Св. Јаким“
-
Параклисот „Св. Недела“
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Бл. Алексова, Епископијата на Брегалница - 9“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2025-01-05.
Надворешни врски
уреди- Новоселански манастир на Ризницата ?