Нови пламен
Novi plamen (македонски: Нов пламен), чиј издавач е Demokratska misao од Загреб, е лево-ориентирано социјалистичко списание, кое ја продолжува традицијата на некогашното списание Plamen, основано 1919 година и уредувано од познатите хрватски интелектуалци и писатели Мирослав Крлежа и Аугуст Цесарец. Денешното име Novi plamen е, всушност, алузија на првичното Крлежино и Цесарчево списание Plamen.
Editors-in-Chief | Филип Ерчег Младен Јакоповиќ |
---|---|
Категории | Списание |
Честота | Quarterly |
Прво издание | март 2007 |
Компанија | Demokratska misao |
Држава | Хрватска |
Вебсајт | www.noviplamen.org |
ISSN | 1846-386X |
Тематски списанието е ориентирано кон економските, политичките, општествените и културните прашање на современиот свет. Околу неговото подготвување и издавање ангажирани се, пред сѐ, интелектуалци од некогашните југословенски републики: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија. Меѓутоа, со него тесно соработуваат и значајни лево-ориентирани интелектуалци од повеќе други земји.[1]
Совет на списанието
уредиСоветот, според својот состав, е интернационален. Како негов неформален претседател се смета познатиот американски граматичар и интелектуалец Ноам Чомски. Покрај него се и познатите Михаела Алберта, Кен Коутс, Дејвид Гребер, Богдан Денич, Џон Мек Донел, Кетрин Самари, Жан Циглер и други.
Од некогашните југословенски републики членови на Советот на списанието, помеѓу другите, се следниве филозофи, социолози, политиколози, писатели: Славој Жижек, Милорад Пуповац, Предраг Матвеевиќ, Надежда Чачиновиќ, Слободан Шнајдер, Љубомир Цуцуловски, Инослав Бешкер, Миодраг Живановиќ и други.
Соработници
уредиПомеѓу попознатите соработнци на Novi plamen се Растко Мочник, Соња Локар, Игор Мандиќ, дон Иван Грубишиќ, Тодор Куљиќ, Љубо Јурчиќ и други.
Активности
уредиЕдна од позначајните активности на списанието беше меѓународната научна конференција Participation, Self-management, Democracy (Партиципација, самоуправување и демократија), одржана во Загреб (2007) организирана во соработка со Demokratska misao и шведскиот Left International Forum.
Наводи
уреди- ↑ „Novi plamen na Balkanu“. Danas. Посетено на 2011-06-05.
Надворешни врски
уреди- Официјана страница на Novi plamen Архивирано на 2 септември 2011 г.