Новак и Радивој го продаваат Груица

Новак и Радивој го продаваат Груица (српски: Новак и Радивоје продају Грујицу) е српска епска (ајдучка) песна.

СодржинаУреди

Старина Новак и дели Радивој пијат вино на планината Романија, а ги служи малиот Груица, синот на Старина Новак. Кога им снемува вино, тутун и пари, тие го носат убавиот Груица во Сараево каде една девојка-Турчинка дава за него за два товари богатство, но, него го купува вдовицата на Џафер-бег, која за него дава три товари богатство и три коњи. Таа му посветува голема грижа и го облекува во раскошна облека. Кога Груица изразува желба да оди на лов, Џафер-беговица му дава 30 придружници, заедно со слугата Хусеин, како и многу дукати. Во планината, Груица им го открил својот идентитет и почнал да бега, а Хусеин тргнал по него. Тогаш, Груица се вратил назад и го убил Хусеин, а потоа се вратил кај својто татко.[1] [2]

Осврт кон песнатаУреди

Старина Новак, навистина постоел, само што во овој лик се претставени две историски личности: јунакот од XV век, Новак Дебелиќ и Баба Новак, заповедник на ајдучките чети од крајот на XVI век. Од друга страна, неговиот брат или побартим, дели Радивој не е познат во историјата. Исто така, не е сигурно дали постоел малиот Груица, синот на Старина Новак, иако постојат мислења дека тој би можел да биде вистинска историска личност (ајдучки арамбаша). Другите ликови во песната, како Џафер-бег и неговата сопруга, се измислени.[3]

НаводиУреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 14-20.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 310-315.
  3. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 147.