Нил Деграс Тајсон

американски астрофизичар

Нил Деграс Тајсон (роден 5 октомври 1958) — американски астрофизичар, космолог, автор, и популаризатор на науката. Моментално е директор на планетариумот Хајден при институтот за Земјата и Вселената Роуз и научен соработник во одделот за астрофизика при Американскиот музеј за природна историја. Од 2006 до 2011, бил водител на научната емисија NOVA ScienceNow на PBS и бил чест гостин на The Daily Show, The Colbert Report, и Real Time with Bill Maher. Од 2009, тој го води неделното радио шоу StarTalk. Во 2014, Тајсон бил домаќин на емисијата Cosmos: A Spacetime Odyssey, продолжение на емисијата на Карл Сејган, Cosmos: A Personal Voyage од 1980 година.[2]

Нил Деграс Тајсон
Тајсон на 40. годишнината од слетувањето на Аполо 11 на Месечината, Вашингтон, јули 2009
Роден(а)5 октомври 1958
Менхетн, Њујорк, САД[1]
ЖивеалиштеМенхетн, Њујорк, САД
ПолињаАстрофизика, физичка космологија, популаризација на науката
УстановиПланетариум Хајден, Пи-Би-Ес (PBS), Планетарно друштво (англиски: Planetary Society)
ОбразованиеУниверзитет Харвард (Диплома за уметности)
Тексашки универзитетот во Остин (Мастер)
Универзитет Колумбија (Мастер по филозофија, Доктор по филозофија)
Влијание одИсак Њутон, Карл Сејган, Ричард Фајнман, Алберт Ајнштајн
Поважни наградиМедал од НАСА за услуга на општеството
Меморијална награда Клопстег (2007)
СопружникАлис Јанг
(1988–денес; 2 деца)

Наводи

уреди
  1. The Science Foundation (1 јануари 2011). „Neil deGrasse Tyson – Called by the Universe“. YouTube. Посетено на 9 февруари 2012.
  2. „Cosmos – A Spacetime Odyssey“. Fox. Архивирано од изворникот на 2020-05-10. Посетено на October 25, 2014.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: