Никола III Цариградски

Никола III ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1084 до 1111 година.

Образован во Цариград, Никола поголем дел од својата младост минал во Антиохија Псидиска, каде се верува дека и ги дал своте монашки завети. Тој во еден момент го напуштил градот околу 1068 година кога истиот бил под закана од ограбувањата на селџуците. Преселувајќи се во Цариград, тој основал манастир посветен на Јован Крстител. Во 1084 година, Алексиј I го избрал токму него за да го замени патријархот Евстратиј кој си поднел оставка.

По природа бил концилиарист, Никола веднаш морал да се соочи со огромен дел а деликатни и тешки проблеми. Тој застанал на страната на царот во спорот со Лав Халкидонски, кој протестирал поради наредбата на Алексиј I за одземање на црковните богатства за да се олесни финансискиот товар предизвикан од Византиско-норманските војни, проблем кој бил решен кога тој застанал на чело на [Цариградскиот собор. Тој се истакнувал и во борбата против кривоверството, на пример Никола III го прогласил за еретик богомилскиот водач Васил Лекарот. Но бил многу внимателен во постоечкиот конфликт меѓу надворешните митрополити и Вселенскиот патријарх. И покрај малото противење од свештенството во Аја Софија, тој го поддржал Никита Анкирски против правото на царот да прогласува митрополити, и потрошил доста време и енергија обидувајќи се да го ограничи влијанието на Хартофилакс. Никола исто така бил загрижен и пради недостигот на духовна дисциплина. Тој напишал манастиорски правила за манастирите на Света Гора, и побарал да се отстранат Власите од Света Гора. ТЅој исто така строго ги спровдувал правилата за постење.

Во меѓувреме, политичката ситуација во Византија особено во Анадолија особено по катастрофата при Битката кај Манцикерт го присилило Никола III да побара унија со папата Урбан II, ико имал цврсти погледи околу големите проблеми во тој период, воглавно со филоквењето, азимитите, и папоцентризмот.

Никола III починал во април или мај 1111 година во Цариград.

Користена литература

уреди
  • Kazhdan, Alexander, ed. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, p. 1467, ISBN 978-0-19-504652-6.

Надворешни врски

уреди
Духовни титули
Претходник
Евстратиј
Цариградски патријарх
1084–1111
Наследник
Јован IX