Никола Темков
Никола Темков, роден на 8 октомври 1977 во Скопје, е македонски стрип автор и илустратор. Неговите стрипови се објавувани во списанијата: „Студентски Збор“, „Стрип Арт”, „творец”, „Синдром”, „Пегаз” (Македонија), „Апокалипса” (Словенија), француското издание “Francopholie”, како и американските изданија “Sawdust” и “Stalker”.
Никола Темков | ||
Роден | 08.10.1977 Скопје, Македонија |
---|
Од 2010 до 2012 работи на веб-стрип (LOAH Архивирано на 7 септември 2016 г.) што излегува неделно во Канада. Работел на илустрации на неколку објавени книги и сликовници и тоа за различни издавачи од Англија (Earlywork Press), САД (Workshed Studio), и Македонија (Просветно дело, Табернакул). Има и работно искуство како илустратор/дизајнер на списанија во Македонија (Life Магазин, Карамел).
Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, Србија, Грција и Чешка. Во 2012 има реализирано самостојна изложба во Кафе ЛИ. [1] [2] [3]
Во 2013 заедно со Игор Јовчевски отвораат издавачка куќа „Стрип Квадрат“.[4]
Во 2014 година го објавува стрип албумот „Различни Светови“ Архивирано на 9 февруари 2016 г., како и сликовниците од едицијата „Револуционери“, и тоа: „Храброта на Гоце“[мртва врска], „Пиринскиот цар“[мртва врска], „Првиот претседател“[мртва врска], „Јунакот од Мечкин Камен“[мртва врска] и „Учителот до Смилево“ Архивирано на 10 мај 2015 г..
Наводи
уреди- ↑ „Стрип изложба на Никола Темков во Кафе ЛИ“[мртва врска], „Утрински Весник“, 7 декември 2012 година
- ↑ „Изложба на стрипови и илустрации на Никола Темков - Кафе ЛИ“ Архивирано на 23 јануари 2016 г., „Македонски Стрип Форум“, 8 декември 2012 година
- ↑ „Никола Темков - стрип автор и илустратор“, „Македонска Ризница“ број 19, февруари 2014 година, стр. 46
- ↑ „Стрип Квадрат“ промовира сликовница инспирирана од Гоце Делчев Архивирано на 21 јуни 2013 г., „Дневник“, 14 јуни 2013 година
5. Две нови изданија на „Стрип квадрат“: „Различни светови“ и „Пиринскиот цар“[мртва врска], „Република“, 22 Мај 2014
6. Сите изданија на „Стрип Квадрат“[мртва врска], „Купи книга“, 20 Јули 2016