Никола Кесаровски
Никола Кесаровски (околу 11 ноември 1944 – 29 август 2007) ― бугарски писател на научна фантастика.
Никола Кесаровски | |
---|---|
Роден(а) | 11 ноември 1944 Царство Бугарија |
Починал(а) | 29 август 2007 Крџали, Бугарија | (возр. 62)
Националност | Бугарин |
Народност | Бугарин |
Занимање | писател |
Неговата најпозната книга е Петтиот закон за роботиката, објавена во 1983 година, а насловот е навод на Трите закони за роботиката на Исак Асимов, а петтиот закон е дека роботот мора да знае дека е робот.[1][2]
Обожувателскиот дружок на научна фантастика „Фантастика“ бил основан од него во 1997 година во градот Крџали, во јужниот дел на Бугарија.[3] Клубот има страница во „Нов Живот“ - службениот весник во Крџали - и до крајот на 2003 година имал објавено преку 60 изданија. Го уредувал и списанието „Космос“.[4]
Тој исто така бил организатор и љубезен домаќин на годишниот бугарски научно-фантастичен фестивал „Булгакон 2002“, кој бил одржан во Крџали. На фестивалот присуствувале над 900 учесници.
Кесаровски се самоубил во 2007 година скокајќи од прозорец на седми кат во болница во Крџали.[5]
Наводи
уреди- ↑ „Една запалена свещичка за Кольо Кесаровски“. Kulturni Novini. 23 август 2008. Архивирано од изворникот на 2012-03-01. Посетено на 2 јануари 2022.
- ↑ „The Bulgarian Laws of Robotics“. Blog of V.D. Ivanov. 16 јуни 2011. Архивирано од изворникот на 7 октомври 2011. Посетено на 2 јануари 2022.
- ↑ „Приключи Националния конкурс за научно-фантастичен разказ“. Културни новини. 10 ноември 2007. Посетено на 2 јануари 2022.
- ↑ „Шест месеца без писателя Никола Кесаровски“. Културни новини. 1 март 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2 јануари 2022.
- ↑ „Отиде си Никола Кесаровски“. Darik News. 29 август 2007. Архивирано од изворникот на 6 јули 2011. Посетено на 2 јануари 2022.