Николај Јорданов С’бев (бугарски: Николай Йорданов Събев) е бугарски претприемач и политичар, пратеник во 47-то Народно собрание, министер за транспорт и врски во владата на Кирил Петков.[1]

Животопис

уреди

Роден на 24 септември 1960 година во Русе. Дипломирал на Вишата поморска школа во Варна со диплома за управување со флоти и пристаништа и во Универзитетот за национална и светска економија со диплома за транспортна економија и менаџмент. Има завршено и бројни постдипломски курсеви поврзани со маркетинг, финансии, комуникации, менаџмент и статистичка анализа.

Неговиот експертски профил е бизнис моделирање и стратешка анализа. Бил комерцијален директор во државното претпријатие „Бугарски речен превоз“. Неговата професионална кариера во приватниот сектор започнува во 1993 година. Основач е на логистичката групација со брендот „Еконт Експрес“. Автор е на учебникот „За капетани на блиска пловидба по Дунав“.

Политичка кариера

уреди

На изборите во ноември 2021 година е избран за пратеник во 47 Народно собрание од листата на „Ја продолжуваме промената“. На 13 декември 2021 година е избран за министер за транспорт и врски во владата на Кирил Петков.

Наводи

уреди
  1. „Публикация в сайта на 47-то Народно събрание за избирането на Николай Събев за министър на транспорта и съобщенията“ (бугарски). www.parliament.bg. Занемарен непознатиот параметар |уеб_адрес= (help); Занемарен непознатиот параметар |достъп_дата= (help); Отсутно или празно |url= (help)