Николаос Думбиотис
Николаос Думбиотис или капетан Аминдас (грчки: Νικόλαος Δουμπιώτης, καπετάν Αμύντας) е грчки офицер, андарски капетан и учесник во Борбата за Македонија.
Николаос Думбиотис | ||
Роден | 1866 Аталанти, Грција | |
---|---|---|
Починал | 1951 Атина, Грција |
Животопис
уредиДумбиотис е роден во 1866 година во Аталанти, Грција. Неговиот татко Георгиос Думбиотис заедно со Димитриос Каратасос учествувал во Халкидичкото востание од 1854 година. Во 1882 година Николаос Думбиотис како доброволец се приклучил на грчката војна и учествувал во Грчко-турската војна од 1897 година.
Во мај 1907 година Николаос како капетан и со чета од 76 души и со неа блегол во Македонија. Николаос го заменил Телос Агапинос (Капитан Аграс) - убиен од Македонската револуционерна организација.
Николаос Думбиотис како андарски капетан дејствувал во реонот меѓу Бер и Негуш. Во октомври 1907 година ја напуштил Македонија, а на негово место дошол капетан Тројкос.
Учествувал во Првата балканска војна и Втората балканска војна, Во 1923 година се пензионирал од грчката армија со чин генерал-мајор. Николаос Думбиотис умрел 1951 година во Атина. Тој бил женет за ќерката на грчкиот поет Георгиос Сурис. Неговиот син Јоанис загинал во 1940 година во Италијанско-грчката војна [1][2].