Не ми е страв (филм)

Не ми е страв е филм од 2003 година во режија на Габриеле Салваторес.

„Не ми е страв (филм)“

Базиран на истоимениот роман од Николо Аманити, кој го напишал и сценариото заедно со Франческа Марчијано, филмот освоил две награди Давид ди Донатело и бил избран за филм што ќе ја претставува Италија на Оскарите.

Содржина

уреди

Микеле Амитрано е петто одделение во 1978 година и живее во Аква Траверсе, мало село во Јужна Италија (веројатно во Базиликата, но станува збор за имагинарен топоним). Со неговата помлада сестра Марија Грација и други момчиња, се наоѓа на житно поле. Дома се неговата мајка Ана, помошничка во ресторан и татко му Пино, кој не е секогаш присутен поради работата како камионџија. Натпреварот организиран на полето ја има како цел напуштената и разрушена куќа меѓу житните полиња, а последниот што ќе стигне, ќе биде казнет; штом ќе заврши натпреварот, се чини дека на ред ќе дојде Микеле, кој пристигнува последен за да ѝ помогне на својата сестра во тешкотија, но по гласањето се одлучува нивната другарка Рејчел да ја добие казната, но во последен момент Микеле го спасува девојчето од казната и одлучува тој да ја преземе со тоа што ќе се качува по ѕидовите од куќата. Кога целата група се враќа дома, Микеле сфаќа дека ги изгубил очилата на сестра си во напуштената куќа, па се враќа да ги земе, и случајно открива метална плоча која љубопитно ја крева, и така здогледува како една нога внатре излегува од ќебе. По првичниот страв, тој се враќа на местото во следните денови и открива дека стапалото му припаѓа на русоко и нежно дете, речиси слепо поради мракот, врзано со синџири и сведено на дивјачка состојба. Во следните посети, тој му носи храна, разговара со него и повторно му дава надеж.

Во меѓувреме, како пријател на неговиот татко камионџија, во куќата на Микеле пристигнува Серџо од Милано, безмилосен, насилен и опасен човек на чело на бандата киднапери на детето, во која се вклучени сите мажи од селото, вклучително и таткото на Микеле. Момчето дознава за ова кога една вечер на вести се известува за исчезнувањето на детето Филипо Кардучи, киднапирано во Милано, и тајно ги наслушнува Серџо и другите киднапери, кои бараат откуп од неговите богати родители. Преку фотографијата на телевизија, Микеле дознава дека Филипо е токму момчето со кое склопи пријателство.

Во меѓувреме, Филипо, благодарение на својот пријател, ја враќа својата сила и повторно може да ги отвори очите. Оваа тајна Микеле му ја доверува на својот најдобар пријател Салваторе, кој наивно го издава на братот на Антонио, Феличе, кој е дел од бандата на киднапери. Оттука, таткото го прекорува Микеле и му наредува никогаш повеќе да не го види Филипо, а детето се чини дека го одржува ветувањето, воедно и за да и угоди на својата мајка која апсолутно сака да избегне влошување на ситуацијата. Со текот на времето, кругот на истраги за киднапирањето се стеснува и карабинерите исто така почнуваат да ја пребаруваат областа Аква Траверсе. Настанува паника меѓу киднаперите кои по совет на нивниот шеф Серџо решаваат да го убијат малиот Филипо, кој подоцна е префрлен на друго место, обиколено со ограда. Откако дознава за новото скривалиште, Микеле трча да го ослободи Филипо и со тешкотија успева да го натера да се искачи преку оградата, поттикнувајќи го да побегне во полињата, но тој самиот останува заробен во оградата.

Во меѓувреме, возрасните одлучуваат кој да го убие Филипо: таткото на Микеле е извлечен со ждрепка и, штом ја отвора вратата од оградата, Микеле излегува од скривалиштето и вика „тато“; мислејќи дека е Филипо, таткото пука и го погодува Микеле во ногата, онесвестувајќи го. Очаен поради постапката, Пино излегува со синот во раце, а по него и Серџо. Во меѓувреме Филипо се враќа да го види повторно или не да го остави Микеле и сфаќа дека е ранет. Штом Серџо го здогледува Филипо, помислува да го убие, но токму во тој момент светлата на хеликоптерот на карабинерите го осветлуваат и тој е уапсен.

Продукција

уреди

Филмот е сместен во мало село во Базиликата и главно се снимал во Мелфи.[1]

Други сцени во Пуља, меѓу полињата со пченица околу Кандела, во Мургија и во долината на реката Офанто, во Капитаната.[2]

Признанија

уреди
  • 2004 - Давид ди Донатело
    • Најдобра фотографија на Итало Петричоне
    • Давид џовани на Габриеле Салваторес
    • Номинација за Најдобар филм на Маурицио Тоти, Рикардо Тоци и Габриеле Салваторес
    • Номинација за Најдобра споредна улога на Диего Абатантуоно
    • Номинација за Најдобра оригинална музика на Ецио Босо
    • Номинација за Најдобар звук на Мауро Лаѕаро
  • 2003 - Сребрена лента
    • Режисер на најдобар филм на Габриеле Салваторес
    • Најдобра споредна улога на Диего Абатантуоно
    • Најдобра фотографија на Итало Петричоне
    • Номинација за Најдобро сценарио на Николо Аманити и Франческа Марчано
    • Номинација за Најдобар продуцент
    • Номинација за Најдобар звук на Мауро Лаѕаро
    • Номинација за Најдобра оригинална музика на Ецио Босо и Пепо Шерман
  • 2003 - Интернационален филмски фестивал во Берлин
    • Номинација за Златна мечка на Габриеле Салваторес
  • 2003 - Европски филмски награди
    • Номинација за Најдобра фотографија на Итало Петричоне
  • 2003 - Златен глобус
    • Најдобра режија на Габриеле Салваторес
  • 2005 - Награда Бодил
    • Номинација за Најдобар странски неамерикански филм на Габриеле Салваторес
  • 2005 - Награда Едгар
    • Номинација за Најдобро сценарио на Франческа Марчано и Николо Аманити
  • 2003 - Награда Флајано
    • Најдобро сценарио на Николо Аманити и Франческа Марчано
    • Најдобар оригинален звук на Ецио Босо
    • Награда од публиката за најдобар актер на Џузепе Кристијано
  • 2003 - Ciak d'oro
    • Најдобра споредна улога на Диего Абатантуоно
    • Најдобро сценарио на Николо Аманити и Франческа Марчано
    • Најдобра фотографија на Итало Петричоне
    • Најдобар постер
    • Номинација за Најдобра монтажа на Масимо Фиоки
    • Номинација за Најдобра сценографија на Џанкарло Базили
    • Номинација за Најдобар звук на Мауро Лаѕаро и Лука Новели
    • Номинација за Најдобар продцент на Рикардо Тоци, Маурицио Тоти и Џовани Стабилини
  • 2004 - Интернационален филмски фестивал Санта Барбара
    • Награда од жирито за најдобар интернационален филм на Габриеле Салваторес
  • 2004 - Награда за млад уметник
    • Номинација за Најдобар интернационален филм
  • Италијански филмски фестивал Бастија Награда од публиката за Габриеле Салваторес

Наводи

уреди
  1. „Melfi, avviso al racket «Io non ho paura»“.[мртва врска]
  2. Apulia Film Commission, Puglia, scenes to explore.