Не давај се, Нина
Не давај се, Нина (хрватски: Ne daj se, Nina) е хрватска телевизиска серија, преработка на серијата Грдата Бети.
Не давај се, Нина | |
---|---|
Жанр | комедија, драма |
Создадена од | Фернандо Гајтан |
Улоги | Лана Гојак Роберт Курбаша Филипа Бурне Бојана Ординачев Кристина Крепела |
Земја на потекло | Хрватска Србија Босна и Херцеговина Македонија |
Првичен јазик | хрватски |
Бр. на сезони | 1 |
Бр. на епизоди | 55 |
Производство | |
Времетраење | 45 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | РТЛ Телевизија |
Првично прикажување | 3 јануари, 2008 — 4 август, 2008 |
Надворешни врски | |
Мрежна страница | rtl.hr/shows/nedaj se nina/ |
За серијата
уредиСеријата «Не давај се, Нина» снимана е по една од најуспешните колумбиски теленовели, «Грдата Бети» (Yo soy Betty, la Fea), од авторот Фернандо Гајтан, а има слична приказна со екстрапопуларната серија «La fea mas bella» (Грдата убавица) мексиканска серија со огромен број гледачи.
Оваа серија исто така ги следи односите во модната куќа и модното списание, светот на гламурот и празната убавина, реализирана е во продукција на РТЛ Телевизија во соработка со лиценцниот партнер, ФОКС Телевизија од Србија, како и балканските телевизии во Македонија и Босна и Херцеговина.
Серијата кај нас премиерно се прикажува на А1 телевизија.
Приказна
уредиВо светот на високата мода, убавината и парите се пресудни за успех. Во тој гламурозен свет, доаѓа главната хероина Нина Брлек, која не поседува ниту пари, ниту убавина, но е интелигентна, вредна и образувана личност.
Нина почнува да работи како асистентка на генералниот директор, брзо открива дека светот на гламур не е таков каков што го замислувала. На секој чекор се среќава со сплетки, остра конкуренција меѓу моделите, творците и челниците на компанијата. Најголема мака ќе и задават анорексичните манекенки кои ја имаат Нина како омилена тема на разговорот и мото како не треба да изгледа една девојка. Во првата сезона, Нина преку работното место, почнува и да учи се за модата, не само за работното место што го има. Нејзините предлози, честопати се прифатени од творците кои во Нина гледаат личност која добро го познава вкусот на обичниот народ. Нина се вљубува во Давид, човекот за кого работи, но ќе се соочи со жестока конкуренција во девојката Патриција, со која и конкурира за работното место.
Прва сезона
уредиПрвата сезона се работи за: како Нина се вклопува во новото општество, нејзиното пријателство со Мартина, Сања и Корељка, непријателството со Патриција, љубовта кон Давид, лојалноста кон Давид, врската на Барбара и Давид, нивното раскинување, нивното повторно соединување, свадбата, проблемите на Патриција со парите, врската со Марко, врската со Жарко, омразата кон Нина, врската на Петар и Моника, отворањето на ВИП кафето на Моника, врската со Никола, работата на Алекс ос помош од Инес, врската со Рикардо, соперништвото помеѓу Мартина и Никола, тајните на Сања да го заштити Виктор, нивната претпоставена афера, животот на Мира и Владо, заминувањето на Давор во Босна, Владо се вработува како возач кај Гловатцки и др.
Не давај се, Нина на Балканот
уредиХрватска: РТЛ Телевизија
Македонија: А1 Телевизија
Србија: ФОКС Телевизија
Босна и Херцеговина: Федеративна Телевизија ФТВ
Надворешни врски
уреди- Македонско мрежно место
- Српско мрежно место Архивирано на 11 јануари 2008 г.
- Хрватско мрежно место Архивирано на 15 септември 2008 г.