Нејтан „Нејт“ Дрејк (англиски: Nathan "Nate" Drake), роден Нејтан Морган (англ. Nathan Morgan) — лик од серијата Uncharted, развиена од Naughty Dog. Тој е главниот јунак во игрите Uncharted: Drake's Fortune, Uncharted 2: Among Thieves, Uncharted 3: Drake's Deception, Uncharted 4: A Thief's End, Uncharted: Golden Abyss, а се појавува и во анимираниот стрип претходник Uncharted: Eye of Indra. Гласот на ликот е американскиот глумец Нолан Норт.

Нејтан Дрејк
лик од Uncharted
Дрејк
Прво појавувањеUncharted: Drake's Fortune (2007)
Последно појавување
СоздавачЕјми Хениг
Информации
Полно имеНејтан Морган
ПрекарНејт[1][2][3][4]
Полмашки
Занимањеловец на богатства
Семејство
СопружникЕлена Фишер
ДецаКејси Дрејк
НационалностАмериканец

Нејтан Дрејк е прогласен за маскота на PlayStation 3. Неговиот дизајн и личност предизвикале споредби со други ликови од видеоигри и филмови како Лара Крофт и Индијана Џонс.

Naughty Dog црпела вдахновение за изгледот на Дрејк од култните јунаци што се наоѓаат во списанијата, романите и филмовите.[5] Во обид да се подобри врската, ликот бил облечен во фармерки и маица Henley, отелотворувајќи обична личност. И покрај неговата силна волја, Дрејк се одликува со смисла за хумор, честопати испорачува шеги и потсмевки во текот на неговите патешествија. Дизајнерската екипа дала приоритет на стварноста во неговото заемодејство со околината; без разлика дали се сопнува при трчање, одвај надминувајќи ги пречките при скокање, или признавајќи ја бесмисленоста на неговите неволји, реакциите на Дрејк биле точно изработени за да ја надополнат вистинитоста во играчкото доживување.[6][7]

Наводи

уреди
  1. Ahearn, Nate (September 21, 2007). „TGS 2007: Uncharted: Drake's Fortune Progress Report“. IGN. Ziff Davis. Посетено на June 30, 2023.
  2. Leadbetter, Richard (March 2, 2015). „Among Friends: How Naughty Dog Built Uncharted 2“. Eurogamer. Gamer Network. Посетено на June 30, 2023.
  3. Blum, Matt (November 5, 2011). „Uncharted 3: Drake's Deception Is Jaw-Droppingly Spectacular“. Wired. Condé Nast. Посетено на June 30, 2023.
  4. Barker, Sammy (January 7, 2015). „Why Does Nate Drake Go Treasure Hunting in PS4's Uncharted 4?“. Push Square. Hookshot Media. Посетено на June 30, 2023.
  5. Hyman, Paul (20 October 2007). 'Uncharted' Territory: Capturing Human Emotion in Games“. GameDaily. AOL. Архивирано од изворникот на 2 January 2008. Посетено на 8 December 2009.
  6. Casamassina, Matt (19 November 2009). „Editorial: How Uncharted 2 Can Fix Gaming“. IGN. News Corporation. стр. 1–2. Архивирано од изворникот 23 November 2009. Посетено на 7 December 2009.
  7. Locke (9 February 2009). „Uncharted 2: Among Thieves – Interview with Amy Hennig“. UGO Networks. Hearst Corporation. Архивирано од изворникот на 4 January 2010. Посетено на 8 December 2009.

Надворешни врски

уреди