Непознатата девојка

„Непознатата девојка“ (француски: La Fille inconnue) иранско-француски филм од 2016 година, во режија на браќата Жан-Пјер (Jean-Pierre Dardenne) и Лик Дарден (Luc Dardenne), кои се автори и на сценариото. Главните улоги ги играат: Адел Енел (Adèle Haenel), Жереми Рение (Jérémie Renier) и Лука Минела (Louka Minnella). На Канскиот филмски фестивал во 2016 година филмот бил номиниран за „Златната палма“, а следната година имал номинација за наградата „Сезар“ за најдобар странски филм.[1]

Синопсис уреди

Младата лекарка Џени Давен (ја игра Енел) прифаќа работа во голема клиника, но во една прилика, исцрпена од работата, не реагира на ѕвончето по завршувањето на работното време. Утредента, таа дознава дека на вратата била една млада Африканка, која ја пронашле мртва крај реката, со расцепена глава. Безбедносните камери покажале дека таа бегала од некого и дека се обидела да влезе во клиниката. Џени чувствува вина и решава да дознае која е непознатата девојка...

Наводи уреди