Некои од нас долго му се закануваа на нашиот пријател Колби

Некои од нас долго му се закануваа на нашиот пријател Колби е расказ од американскиот писател Доналд Бартелми. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Владимир Јанковски.

Содржина уреди

Колби претерал со своето однесување, па пријателите решаваат да го обесат. Тогаш, започнува планирањето како да се изведе бесењето: која музика ќе се свири, каде ќе биде извршено бесењето, каква ќе биде бесилката, кои луѓе ќе бидат поканети, каква храна ќе се служи, дали ќе го бесат со јаже или со жица итн.[1]

Наводи уреди

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 194-200.