Нека умре ѕверот (филм)
„Нека умре ѕверот“ (француски: Que la bête meure) — филм на францускиот режисер Клод Шаброл (Claude Chabrol) од 1969 година. Истовремено, Шаброл е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Мишел Дишосоа (Michel Duchaussoy), Жан Јан (Jean Yanne), Каролин Селје (Caroline Cellier), Анук Фержак (Anouk Ferjac), Марк Ди Наполи (Marc Di Napoli) и Луиз Шевалје (Louise Chevalier). Филмот, кој претставува спој на криминалистички филм и длабока психолошка драма, се смета за еден од најдобрите во кариерата на Шаброл.[1]
Синопсис
уредиШарл Тение (го игра Дишосоа) е татко чие деветгодишно дете било прегазено од непознат возач. Тој станува опседнат од помислата да го пронајде виновникот, особено имајќи предвид што полициската истрага не дава резултати. Откако дознава дека познатата глумица Елен Лансон (ја игра Селје) била во автомобилот кој му го убил синот, тој се спријателува со неа, лажно претставувајќи се како писател на книги за деца. На почетокот, тој е подготвен да ја убие и неа, во текот на дружењето полека открива дека и таа има семејни проблеми. Елен го кани Шарл во семејната куќа во Бретања, каде што живее и нејзиниот роднина Пол (го игра Јан), кој е причина за честите семејни кавги. Постепено, на Шарл му станува јасно кој е убиецот на неговиот син-единец...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |