Гевгелиски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.

     Гевгелискиот срез во рамките на Кралството Србија 1913.

Организација и население

уреди

Кралство Србија

уреди

По Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Гевгелискиот срез припаѓал на Тиквешкиот округ, заедно со Неготинскиот и Дојранскиот срез, а подоцна и Кавадаречкиот и Струмичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Гевгелија. Во 1913 година тој имал 7 општини, со 25 села и еден град. Градското населние изнесувало 5.188, додека селското население изнесувало 14.216 жители.[1]

Гевгелискиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Гевгелија

Жители
1 Богданачка 5 2 4510
2 Ѓевѓелијска 0 0 5188
3 Коњска 3 5 1698
4 Мировачка 6 5 1317
5 Мојинска 2 1 1284
6 Негорачка 4 1 2809
7 Стојаковачка 4 1 2598

Кралство СХС

уреди

Во 1921 година, срезот имал 7 општини и еден град, но овој пат срезот настрадал од Првата светска војна. Целиот срез имал вкупно 11.314 жители, односно се намалил за околу 18.000 жители.

Јазик

уреди

Во Гевгелискиот срез, 89% од населението говорело на српски или хрватски[2], додека 6% говореле на романски или цинцарски[3].[4]

Општина Српски или хрватски Цинцарски Други Вкупно
Богданци 2635 0 24 2694
Ѓевѓелија 2392 43 178 2787
Коњско 890 558 0 1448
Мировче 1732 0 0 1732
Мојин 127 0 55 182
Негорци 1076 0 76 1152
Стојаково 1229 82 8 1319
Вкупно 10081 683 341 11314
% 89.10% 6.03% 4.87% 100%

Религија

уреди

Во Гевгелискиот срез, 97% од населението било православно, додека 3% биле муслимани.[5]

Општина Православни Муслимани Други Вкупно
Богданци 2659 35 0 2694
Ѓевѓелија 2520 225 42 2787
Коњско 1448 0 0 1448
Мировче 1732 0 0 1732
Мојин 182 0 0 182
Негорци 1096 56 0 1152
Стојаково 1312 3 4 1319
Вкупно 10949 319 46 11314
% 96.77% 2.81% 0.42% 100%

Кралство Југославија

уреди

Во 1931 година, Гевгелискиот срез имал 6 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Целиот срез имал 15.943 жители. Како православни се изјасниле 97% од жителите, додека како муслимани 2%.[6]

92% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 7% збореле на друг јазик (во најголем дел влашки).

Во ФНРЈ

уреди

По Втората светска војна, Гевгелискиот срез се преименува во Гевгелиска околија, како дел од Струмичкиот округ.

Наводи

уреди
  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  3. Влашкиот јазик бил заведен како цинцарски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.