Неговото место за рандеву (филм од 1914)
Неговото место за рандеву (англиски: His Trysting Place) - краток американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин. Главните улоги ги играат: Чарли Чаплин, Мејбел Норманд, Марк Свејн, Филис Ален итн.[1]
Содржина
уредиМаж (го игра Чаплин) и жена (ја игра Норманд) се расправаат меѓу себе, зашто таа има премногу работа, а тој не сака да го чува бебето. Најпосле, тој излегува за да купи подарок за бебето. Во меѓувреме, една девојка пишува писмо до своето момче, закажувајќи му средба во паркот. Патем, мажот влегува во ресторан, каде се расправа со човекот (го игра Свејн) кој треба да го испрати писмото. По тепачката, тие си ги заменуваат палтата. Кога мажот се враќа дома, неговата сопруга го открива писмото и избувнува од љубомора. Мажот бега во паркот, каде ја среќава сопругата (ја игра Ален) на човекот со кого се тепаше во ресторанот. Набргу, пристигнува неговата жена, која избувнува мислејќи дека го затекнала со љубовницата. Затоа, таа најпрвин ја тепа жената од паркот, а потоа и својот сопруг. Тогаш пристигнува и другиот човек, кој се тепа со Чаплин. Жената од паркот го открива шишето за млеко во џебот од палтото на својот сопруг (всушност, тоа е палтото на Чаплин) и мисли дека нејзиниот сопруг има вонбрачно бебе, па започнува да го тепа него. Најпосле, збрката се решава, зашто двајцата сфаќаат дека си ги замениле палтата. Сорпужниците се помируваат, но жената од паркот го открива љубовното писмо и продолжува да го тепа својот сопруг.[2]