Неговата омилена разонода (филм од 1914)
Неговата омилена разонода (англиски: His Favourite Pastime) - американски филм од 1914 година, во режија на Џорџ Николс, според сценариото на Крег Хачинсон. Во главните улоги настапуваат: Чарли Чаплин, Роско Арбакл, Пеги Пирс и Френк Оперман.[1]
Содржина
уредиВо оваа кратка комедија, еден скитник (го игра Чаплин) влегува во бар и се опива. Кога излегува надвор, тој здогледува убава жена (ја игра Пирс) и се обидува да флертува со неа, но во тоа го спречува нејзиниот сопруг (го игра Оперман). Скитникот повторно влегува во барот и таму предизвикува низа проблеми, тепајќи се со посетителите. Потоа, тој го следи автомобилот на жената и влегува во нејзиниот дом, но таму ја изненадува слугинката. Тогаш, доаѓа најпрвин жената, а потоа и нејзиниот сопруг и пак настанува општа тепачка меѓу скитникот и домашните во куќата. Најпосле, него го исфрлаат надвор од куќата.[2]