Неговата музичка кариера (филм)
Неговата музичка кариера (англиски: His Musical Career) - американски филм од 1914 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога. Во другите улоги настапуваат: Мек Свејн, Фриц Шејд, Сесил Арнолд, Чарли Чејс, Френк Хејс итн.[1]
Содржина
уредиВо оваа кратка комедија, Том (го игра Чаплин) е работник во продавница за музички инструменти. Заедно со другиот работник (го игра Свејн), тој треба да однесе пијано во една, а да го земе пијаното од друга куќа. Но, тие ги заменуваат броевите на куќите. Најпрвин, го носат пијаното во погрешната куќа при што едвај го качуваат по стрмните скали, а потоа во куќата, додека домаќините се договараат каде да стои пијаното, целиот товар паѓа на грбот на Том. Кога одат во другата куќа за да го земат пијаното, нив ги прогонува сопственикот при што, бегајќи од него, Том и другиот работник паѓаат во блиското езеро.[2]