Невена Величковска

Невена Величковска (родена на 5 септември 1994 година во Куманово) - политичар и актуелен член на Советот на Општина Куманово од партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Невена Величковска
Член на Совет на Општина Куманово
На должноста
23 ноември 2021 – сѐ уште
Лични податоци
Роден(а) 5 септември 1994
Куманово, Република Македонија
Националност Македонка
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Професија економист

Кариера уреди

Невена Величковска за прв пат како член на Советот на Општина Куманово е избрана на локалните избори во 2017 година, а во 2021 година го добива и вториот мандат, како кандидат на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

 
Невена Величковска на конститутивната седница на Советот на Општина Куманово.

Во политиката е од својата млада возраст. Член е на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, каде во 2019 година е избрана како организациски секретар.