„Мери Селест“ или „Небесна Марија“ (англиски: Mary Celeste) — американски трговски брод што бил откриен во декември 1872 година напуштен во Атлантскиот Океан. Денес не е целосно потврдено како екипажот и патниците исчезнале од бродот, иако на денот на неговото откривање времето било мошне поволно и целиот екипаж бил искусен и добро упатен во морепловството. Последното отпловување на бродот било кон Гибралтар кога бродот поминал еден месец на море и имал залиха од храна и вода за шест месеци. Целиот товар на бродот при откривањето бил недопрен, па дури и личните работи на екипажот и патниците сè уште стоеле каде тие ги оставиле. Екипажот и патниците не се повеќе никогаш видени и денес случајот со „Мери Селест“ е една од најголемите поморски мистерии во светот.
Слика од 1861 од непознат автор.
|
Кариера (Британска Северна Америка)
|
|
Назив: |
Амазон |
Сопственик: |
Џошуа Дуис, Вилијам Хенри Бигалоу и уште шест други инвеститори[1] |
Пристаниште и Регистар: |
Парсборо, Нова Шкотска |
Градител: |
Џошуа Дуис |
Пуштен: |
мај 1861 |
Идентификација: |
МКС: JFWN[2]
|
Кариера (САД)
|
|
Сопственик: |
Џејмс Х. Винчестер (прв сопственик); Г. С. Паркер (последен сопственик) |
Пристаниште и Регистар: |
New York |
Градител: |
повторно изграден во Њујорк, 1872 |
Судбина: |
пронајден во близина на Азурните Острови во 1872. |
Судбината на екипажот е предмет на шпекулации од различен вид. Теориите се движат од алкохолно предозирање, преку подводни земјотреси па сè до вонземски појави. Често има и предлози кои се слични со хипотетичките објаснувања на исчезнати бродови во Бермудскиот Т
риаголник. Денес, името Мери Селест често се поврзува со мистериозни бродски појави и таканаречени бродови-духови.
- 1861 – бил изграден „Амазон“ во Нова Шкотска, Канада
- 1867 – онеспособен во бура во близина на Глејс Беј, Нова Шкотска
- 1869 – поправен и продаден на американски сопственик. Преименуван во „Мери Селест“
- 1872 – отпловил од Њујорк до Џенова на 7 ноември
- 1872 – последен запис во дневникот на капетанот од 24 ноември
- 1872 – последен запис на камен од бродот на 25 ноември
- 1872 – бродот бил пронајден напуштен на 4 декември
име
|
статус
|
националност
|
возраст
|
Бенџамин Бригс
|
капетан
|
Американец
|
37
|
Алберт Г. Ричардсон
|
офицер на палуба
|
Американец
|
28
|
Ендру Гилинг
|
офицер на палуба
|
Данец
|
25
|
Едвард Хед
|
послуга и готвач
|
Американец
|
23
|
Фолкерт Лоренсон
|
морепловец
|
Германец
|
29
|
Ариан Мартенс
|
морепловец
|
Германец
|
35
|
Бој Лоренсон
|
морепловец
|
Германец
|
23
|
Готлиб Гондесхал
|
морепловец
|
Германец
|
23
|
име
|
статус
|
возраст
|
Сара Елизабет Бригс
|
жена на капетанот
|
31
|
Софија Матилда Бригс
|
ќерка на капетанот
|
2
|
-
Капетан Бенџамин Бригс
-
Сара Бригс
-
Софија Бригс
-
Алберт Ричардсон