На прв поглед (филм)

На прв поглед (англиски: At first sight) е американски филм од 1999 година, во режија на Ирвин Винклер. Главните улоги ги толкуваат: Вал Килмер, Мира Сорвино, Кели Мекгилис итн.

Содржина уреди

Ејми Беник (ја игра Сорвино) е архитектка од Њујорк, која постојано се наоѓа под притисок во својата работа. Затоа, таа заминува на одмор во еден мал провинциски град, каде што го запознава слепиот масер Вирџил (го игра Килмер) и се вљубува во него. Таа го наговара Вирџил на експериментална операција, која завршува успешно и нему му се враќа видот. Меѓутоа, по операцијата, Вирџил открива дека реалната претстава за светот не е таква како што тој замислувал претходно.[1]

Наводи уреди

  1. „На прв поглед“, Антена, број 884, 5.6.2015, стр. 25.