Нашку Лози (Крушево, 1885Крушево, 1912) — влашки поет од Македонија. Своето образование го стекнал во романско училиште во родниот град и романски ликеј во Битола. За време на Илинденското востание (1903) живеел во родното Крушево. Непосредно по задушувањето на востанието напишал песна на влашки јазик насловена „Пискотот на крушевчани“, која била пронајдена во домашната архива на Костика Телеску од Крушево. Македонскиот поет Гане Тодоровски ја препеал песната на Лози на македонски јазик.

Надворешна врска уреди