Началник на Крим
Началник на Република Крим (руски: Глава Республики Крым) — највисок функционер и шеф на извршната власт на Република Крим во состав на Руската Федерација.
Началник на Република Крим Глава Республики Крым | |
---|---|
Седиште | Симферопол |
Назначувач | назначува Врховниот совет по претседателот на РФ |
Мандат | 5 години, највеќе двапати по ред |
Прв функционер | Сергеј Аксјонов |
Задачата на началникот е да обезбеди придржување до уставот и федералните закони на Русија, како и уставот и законите на самата Република Крим. Служи како заштитник на еднаквоста меѓу народите, правата и слободите на граѓаните и запазување на целовитоста и усогласеноста во работата на органите на републиката.
Лицето на оваа функција мора да е на возраст од барем 30 години, а мандатот трае пет години, највеќе двапати по ред. Лицето го назначува Врховниот совет на Крим по предлог на претседателот на Руската Федерација. Во случај лицето да стапува како вршител на должност, назначувањето го врши непосредно претседателот на државата, без одобрување од републичките власти.
Моментален началник е Сергеј Аксјонов, кој е на функцијата од 9 октомври 2014 г.[1]
Список на началници
уредиИме | Стапил | Напуштил |
---|---|---|
Сергеј Аксјонов (вршител) | 14 април 2014 | 9 октомври 2014 |
Сергеј Аксјонов | 9 октомври 2014 | денес |