Национален стадион на Косово
Национален стадион на Косово (албански: Stadiumi Kombëtar i Kosovës) ― предложен фудбалски стадион во близина на Глоговац, Косово. Овој предложен стадион ќе биде новиот дом на косовската репрезентација и ќе служи како место за големи завршиници на фудбалски клупски куп и други спортски и неспортски активности.
Stadiumi Kombëtar i Kosovës | |
Arena Dardane (Дарданска арена) | |
Местоположба | близу Глоговац, Косово |
---|---|
Сопственик | Фудбалска федерација на Косово |
Оператор | Фудбалска репрезантација на Косово |
Сместивост | 30,000 |
Површина | Трева |
Семафор | ЛЕД |
Изградба | |
Изграден | 2019 (планиран) |
Отворен | 2021 (планиран) |
Трошоци за изградба | 50 милиони € |
Архитект | Мурат Табанлиолу |
Корисници | |
Фудбалска репрезантација на Косово |
Стадионот е дизајниран со капацитет да собере 30.000 гледачи, што го прави фудбалскиот стадион со највисок капацитет во Косово. Било планирано стадионот да биде завршен до 2021 година.
Местоположба
уредиВо 2019 година, Владата на Косово одлучила овој стадион да биде граден во близина на Глоговац, со што го одобри барањето на министерот за култура, млади и спорт, Кујтим Гаши. Местоположбата е оддалечена 14 километри од главниот град Приштина, отфрлајќи ја можноста избрана од претходната влада, а тоа била Брњица. Националниот стадион ќе бил изграден на површина од 25 хектари во Весница, а работите требале да започнат во 2020 година. За стадионот имало многу дебати, нарекувајќи го политичка одлука, бидејќи првично било планирано да биде граден во Брњица.
Историја
уредиПланирање и изградба
уредиНа 12 јули 2019 година започнала изградбата на стадионот,[1] а два дена подоцна бил претставен проектот на овој стадион кој би имал капацитет од 30.000 седишта,[2] но по претставувањето, изградбата била прекината од политички причини поврзани до местоположбата.[3]
Именување
уредиИмало многу идеи и предлози за именување на новиот стадион. Еден од главните предлози бил Дарданска арена (Arena Dardane), но сè уште нема ништо службено за името на стадионот кој моментално се нарекува Национален стадион на Косово.
Составни простории
уредиВрз основа на плановите претставени од градежното друштво Tabanlıoğlu Architects, Националниот стадион на Косово ќе има:
- Простор за вежбање
- Малопродажбени продавници
- Паркинг
- Расадник
- Музеј
- Библиотека
- Затворен базен
- Хотел
Наводи
уреди- ↑ „Fillon ndërtimi i stadiumit kombëtar në Kosovë“ [Изградбата на националниот стадион во Косово започнува] (албански). Bota Sot. 12 јули 2019. Посетено на 23 април 2023.
- ↑ „U prezantua projekti i Stadiumit Kombëtar“ [Проектот Национален стадион беше претставен] (албански). Фудбалска федерација на Косово. 14 јули 2019.
- ↑ „Stadiumi "politik"“ ["Политички" стадион] (албански). Koha Ditore. 6 декември 2020. Посетено на 23 април 2023.