Национален парк Козара

Национален парк Козара — национален парк во Босна и Херцеговина, во ентитетот Република Српска. Националниот парк е близина на градот Приедор.

Национален парк Козара
МСЗП — Категорија II (национален парк)
Место Босна и Херцеговина
Најблизок градПриедор
Површина175 км2
Воспоставен(а)6 април 1967[1]
Управно телоhttp://www.npkozara.com/

Општо

уреди

Паркот, географски и геоморфолошки, припаѓа на припанонското подрачје на Динаридите. Површината на националниот парк е 3520 хектари и како национален парк е прогласен во 1967 година. Целта била да се заштитат природните и културно-историските вредности на Козара.

Козара е планина со динамичен релјеф, чии височини не преминуваат од 1000 метри. Пределот е со умерено-континентална клима, со голем број сончеви денови и питоми планински врвови. Од одредени места се гледаат Градишка, Приедор, Козарска Дубица и останатите помали населени места. Во паркот исто така има повеќе избори и речни корита. Централен дел на паркот е пределот именуван како Мраковица, а останати врвови се: Гола планина (876 м), Рудине (750 м) Јарчевица (740 м), Главуша (793 м), Бешиќа-пољана (784 м), Врновачка глава (719 м), Бенковац-Јуришина коса (705 м), Шупљиковац (652 м), Зајчев камен (667 м), Козарачки камен (659 м).

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди