Нахед Хатар (арапски: ناهض حتر) бил јордански писател, новинар и политички активист.

Нахед Хатар
ناهض حتر
Нахед Хатар
Роден(а)1960
Починал(а)25септември 2016
Аман, Јордан
Причина за смртубиство
ДржавјанствоЈорданец
Алма матерУниверзитет во Јордан
Занимањеписател и активист
ДвижењеЈорданско социјалистичко лево движење

Раѓање и младост

уреди

Нахед Хатар е роден во 1960 година во јорданско христијанско семејство во Фухаис, околу 20 километри северозападно од престолнината Аман. Дипломирал на одделението за социологија и филозофија на универзитетот во Јордан, станал магистер по филозофија во современата салафијанска идеологија.[1]

1970-тите, 80-тите и 90-тите бил многупати притворен. Издржувал неколку затворски казни, од кој најдолги биле оние од 1977, 1979 и 1996 година. Како жртва на неуспешниот атентат во 1998 година, морал да изврши повеќе операции во однос на неговото тело. Истата година бил приморан од безбедносни причини да го напушти својот дом, се преселил и по војната тој бил уништен, а до атентатот живеел во Аман.

Апсење

уреди

Хатар бил уапсен на 13 август 2016 година, откако на друштвената мрежа фејсбук објавил карикатура од мртов џихадист Абу Салеха. Во описот на карикатурата стоел натпис „раб ел Дауаиш” (арап. [rab al-Dawāʿiš] رب الدواعش), односно „бог Даиш”..[2]

Карикатурата била брзо избришана од Фејсбук, но веќе предизвика лавина од негативни критики кај многу муслимани од Јордан кои сметаат дека е навредливо за исламот..[3]

Се тврди дека контроверзноста предизвикала поголемо незадоволство отколку кога Хатар ја објавил содржината во која јорданските кралеви биле портретирани на несоодветен начин, што претставува одреден вид црвена линија во однос на ограничената слобода на медиумите во Јордан.

Наводи

уреди
  1. McKernan, Bethan (25 September 2016). „Alleged killer who shot atheist Jordanian writer identified“. The Independent. Посетено на 26 September 2016.
  2. Ghazal, Mohammad (14 August 2016). „Gag order bans coverage of writer detained over cartoon“. Jordan Times. Посетено на 26 September 2016.
  3. „Jordanian writer shot dead outside court before trial over cartoon“. AFP. Yahoo. 26 September 2016. Посетено на 26 September 2016.