Наум Златарев или Златаров со псевдоними Анибал и Кругер[1] е македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Наум Златарев
Роден 1874
Охрид, Османлиско Царство
Починал 31 август 1903
Куратица, Османлиско Царство

Животопис

уреди

Наум Златарев е роден во 1874 година во Охрид, тогашна Османлиско Царство. Брат е на Иван Златарев. Завршил прогимназија, а по професија бил златар. Од 1902 година е член на околискиот комитет на ВМОРО во Охрид. На Смилевскиот конгрес во 1903 година е избран за советник на Горското началство на Охридскиот револуционерен реон. За време на Илинденското востание во 1903 година е реонски началник. Ранет е на 31 август 1903 година во судир со турскиот аскер во месноста Грмешница. Фатен е и убиен на патот меѓу Ресен и Охрид.[2]

Наводи

уреди
  1. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 9, 57
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 59.