Наташа Бунтеска
Наташа Бунтеска (Скопје, 13 февруари 1973) — македонска поетеса[1].
Наташа Бунтеска | ||
Родена | Наташа Бунтеска 13 февруари 1973 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | поетеса |
Животопис
уредиРодена е на 13 февруари 1973 во Скопје. Студирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филoлошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега објавила две поетски книги: Мали вечности (1998) и Горниот град (2001). Го напишала сценариото за краткиот арт филм „Здивот ме врзува (со светот)“ којшто се снимал на почетокот на 2001 година во Индија. Застапувана е во повеќе антологии и прегледи на македонската поезија. Нејзината поезија е препејувана и објавувана на хрватски, англиски, романски, словенечки и други јазици. Живее и работи како новинар во Скопје.
Надворешни врски
уреди- Горниот град Архивирано на 28 август 2010 г.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-07. Посетено на 2010-12-22.