Наташа Јоноска
Наташа Јоноска (родена 1961 година)[1] — македонски математичар и професор на Универзитетот во Јужна Флорида, позната по нејзината работа во пресметка на ДНК.[2] Нејзиното истражување е во врска со тоа како биологијата врши пресметка, "особено користејќи формални модели како што се ќелиски или други конечни типови на Аутомата, формална јазична теорија на симболичката динамика и тополошката графичка теорија за опишување на молекуларната пресметка."[3]
Наташа Јоноска | |
---|---|
Роден(а) | 1961 |
Полиња | Математика, Компјутерска наука, Пресметкана ДНК |
Установи | универзитет во Јужна Флорида |
Теза | „Синхронизирано Претставување на Софик системите“ (1993) |
Поважни награди | Награда Розенберг Тулип за пресметување на ДНК, 2007 |
Страница | |
shell.cas.usf.edu/~jonoska/ |
Дипломирала математика и информатика на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во Југославија (сега Македонија) во 1984 година. Докторирала по математика на Државниот универзитет во Њујорк, во Бингемтон во 1993 година со дисертацијата "Синхронизирано Претставување на Софик системите ".[2] Нејзин советник за дисертација бил Том Хед.[4]
Во 2007 година, таа ја добила наградата Розенберг Тулип за пресметување на ДНК, за нејзината работа во примената на теоријата Аутомата и теоријата на графиците во ДНК нанотехнологијата.[5] Таа била избрана за соработник на АААЦ во 2014 година,[6] за достигнувања во разбирањето на обработката на информациите во молекуларното само-склопување.[4] Таа е член на одборот за многу списанија, вклучувајќи Теоретски Компјутерски Науки,[7] Меѓународниот Весник на Фондации за Компјутерски Науки, Пресметливост и Природно Пресметување.[2]
Значајни публикации
уреди- Ј. Чен, Н. Јоноска, Г. Розенберг, (едс). Нанотехнологија: Наука и Пресметување, Спрингер-издвачка куќа 2006.
- Н. Јоноска, Гх. Паун, Г. Розенберг (едс.). Аспекти на Молекуларното Пресметување LNCS 2950, Спрингер-издавачка куќа 2004.
- Н. Јоноска, Н.Ц. Симен (едс.). ДНК пресметување, Ревидирани трудови од 7-миот Меѓународен Состанок за компјутери засновани на ДНК, LNCS 2340, Спрингер-издавачка куќа 2002.
- Н. Јоноска. Аутомата, Јазици и Симболичка Динамика (~90 страници) во подготовка.
Наводи
уреди- ↑ Birth year from Library of Congress catalog entry, retrieved 2018-12-10.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Nataša Jonoska“. USF Department of Mathematics & Statistics. Архивирано од изворникот на 2017-03-03. Посетено на 2017-03-02.
- ↑ Jonoska, Nataša. Discrete and Topological Models in Molecular Biology (англиски). Springer.
- ↑ 4,0 4,1 „Mathematical Sciences Graduate Newsletter“. Binghamton University. 2016-06-30. Архивирано од изворникот на 2017-03-07. Посетено на 2017-03-07. Укажано повеќе од еден
|accessdate=
и|access-date=
(help) - ↑ „The Rosenberg Tulip Award in DNA Computing“. ISNSCE (англиски). 2015-12-23. Архивирано од изворникот на 2017-03-03. Посетено на 2017-03-02.
- ↑ „Jonoska, Natasha“. American Association for the Advancement of Science (англиски). 2016-08-01. Архивирано од изворникот на 2017-03-07. Посетено на 2017-03-07.
- ↑ „Theoretical Computer Science Editorial Board“. Посетено на March 2, 2017.