Населби на Берлинскиот модернизам
Населби на Берлинскиот модернизам е заеднички поим за шест станбени населби во различни делови и предградија на Берлин. Во јули 2008 година беа вклучени во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.
Населбите беа дизајнирани и изградени меѓу 1913 и 1934 година од класичните модернистички архитекти во стилот на Новата градба (герм. Neues Bauen). Населбите во денешните делови Бонсдорф, Бриц, Шарлотенбург-Север, Пренцлауер Берг, Рајникендорф и Вединг извршија огромно влијание за време на интензивното градење живеалишта во кризниот период по Првата светска војна. Со своите чисти и нови форми како и со општествената употребливост, овие населби станаа клучни за архитектурата и урбанистичкото планирање на 20 век.
Бруно Таут и Мартин Вагнер беа најодговорни за планирањето на населбите, но други архитекти, како што се Ханс Шарун и Валтер Гропиус исто така учествуваа во проектите. Најстариот дел од населбите на Берлинскиот модернизам е Градот на градини Фалкенберг (герм. Gartenstadt Falkenberg) дизајниран од страна на Таут. Белиот Град и големата населба Зименсштат биле завршени дури на почетокот на триесеттите години.
Список на станбени населби
уредиНаселба | Дел од градот и четврт | Време на изградба | Дизајнирана од | Архитекти | Слика |
---|---|---|---|---|---|
Град на градини Фалкенберг |
Бонсдорф (Трептов-Кепеник) |
1913–1916 | Бруно Таут | Бруно Таут Хајнрих Тесенов |
|
Населба Шилерпарк | Вединг (Мите) |
1924–1930 | Бруно Таут | Бруно Таут Макс Таут (повторна изградба) Ханс Хофман(проширување) |
|
Голема населба Бриц | Бриц (Нојкелн) |
1925–1930 | Бруно Таут | Бруно Таут | |
Населба Карл Легиен | Пренцлауер Берг (Панков) |
1928–1930 | Бруно Таут | Бруно Таут Франц Хилингер |
|
Бел Град | Рајникендорф (Рајникендорф) |
1929–1931 | Ото Рудолф Салвисберг Мартин Вагнер (раководство) |
Ото Рудолф Салвисберг Бруно Арендс Вилхелм Бининг |
|
Голема населба Зименсштат | Шарлотенбург-Север |
1929–1934 | Ханс Шарун Мартин Вагнер (раководство) |
Ханс Шарун Валтер Гропиус |
Интернет-врски
уреди- Одредница на мрежното место на УНЕСКО (на англиски)