Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс
„Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс“ (англиски: Grow a pair: 9 1/2 fairy tales about sex) — збирка раскази на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.
Содржина
уредиКнигата ги содржи следниве раскази:[1]
- Девојката и грмушката со пениси
- Трите големи курови
- Вештерката
- Келнерот и перачката
- Принцезата и пенисот
- Во друг дел од шумата
- Едноставниот Ханс
- Најголемиот љубовник во светот
- Записник од состанокот меѓу госпоѓата Дарси Хурлбат, Хортенсија Шејкли, Рејмонд Матс и доктор Максмен, вклучувајќи го и повикот по Скајп до госпоѓата Густи Словак
- Набави си муда
- Поговор: ... Во лисица
За делото
уредиМодерните бајки на Волш се сличуваат во светот на чудесните еротски можности, каде желбата е водечка енергија, а срамот е непозната емоција. Во неверојатно смешните, апсурдни и понекогаш мрачни бајки, сè е исполнето со магијата на сексот. Сепак, под надреалната површина на книгата, во нејзиното пулсирачко срце, лежи остроумно истражување на бројните пермутации и комплексности на желбата. Збирката добила бројни позитивни критики. Така, писателката Дубравка Угрешиќ ја оценила со зборовите: „Оваа исклучителна, лесна, смешна книгичка е одлично четиво!“; а Марина Ворнер во „Гардијан“ ја оценила како „надреална, непристојна и безобразно инвентивна“.[2]
Изданија на македонски јазик
уредиЗбирката е објавена на македонски јазик во 2019 година како 134. книга во едицијата „Магма“ на издавачката куќа „Темплум“. Преводот го извршила Ивана Галапчева, а авторка на илустрациите е Симона Манчева. Книгата, со обем од 67 страници и со димензии од 17 сантиметри, била испечатена во печатницата „Алма“ во тираж од 100 примероци. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-487118-7.[3]